Македонската надворешна политика почива на неколку столба, посветеност и реформи, зголемување на групата пријатели за членство во НАТО и ЕУ, но и на развој на добрососедските односи. Последниов, засегна повеќе прашања по првиот извештај министерот Димитров за нашата меѓународна позиција.
Вести
-
Македонија 04.07.2017 16:22
-
Македонија 04.07.2017 15:39
Милевски: Косел не претставува опасност
Заблуда се тврдењата дека земјотресите во Охридскиот регион ќе го активираат Косел- тврди универзитетскиот професор на Институтот по географија при ПМФ, Ивица Милевски. Објаснува дека на ова место, последен пат имало вулканска активност пред 16 милиони години.
-
Македонија 04.07.2017 15:32
Таравари: Вработување на 30 до 60 медицински сестри во „8-ми Септември“
Со вработување на медицински сестри ќе се решава недостигот од овој кадар во некои оддели во градската болница „8-ми Септември“. Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари најави вработување на 30 до 60 медицински сестри.
-
Економија 04.07.2017 15:29
Неизвесна жетва за пелагониските земјоделци
Нашата најголема житница нема да ги испорача предвидените количини лебно зрно. Во одност на минатата година просечните приноси ќе бидат преполовени. Пелагониските земјоделци велат декаа неповолните временски услови го земаат данокот.
-
Македонија 04.07.2017 15:18
Тлото во Охрид и натаму се тресе, поднесени околу 200 пријави за штети
Охриѓани и туристите минаа уште една непроспиена ноќ исполнета со вознемиреност и страв поради бројните потреси. Оние похрабрите останаа во своите домови, додека голем број од граѓаните ноќта ја минаа на отворено, во своите автомобили, а некои поставија и шатори во дворовите.
-
Економија 04.07.2017 14:55
Раст на извозот од 15,1% во првите пет месеци од годинава
Вредноста на вкупната трговска размена на Македонија во периодот јануари-мај годинава изнесува 4.675.277.000 евра, oбјави денеска Државниот завод за статистика.
-
Македонија 04.07.2017 14:31
Усвоен деловникот за работа на Комисијата за надзор над УБК и АР
Новите членови на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање и на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), едногласно го усвоија деловникот за работа на Комисијата.
-
Свет 04.07.2017 14:25
Шкотска: Старџен се повлекува од најавениот втор референдум
Шкотската премиерка Никола Старџен се повлекува од најавениот втор референдум за независност поради лошите изборни резултати на Шкотската национална партија (СНП).
Последните анкети покажуваат дека 43 проценти од граѓаните сакаат повторно гласање.
-
Свет 04.07.2017 14:20
Нова рунда преговори за Сирија во Астана
Во Казахстан почна петата рунда преговори за Сирија со посредство на Русија, Иран и Турција. Во Астана допатува и деветчлената делегација од вооружените опозициски сили која индиректно ќе преговара со делегацијата на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
-
Македонија 04.07.2017 13:58
Судскиот совет ги стави вон сила огласите за избор на судија или претседател на суд
За шефовското место во Кривичниот суд повторно ќе се распишува оглас откако Судскиот совет ги стави вон сила сите активни огласи за избор на судии или претседатели на суд, поради повторно огласување.










