Советот на обвинителите го симна од дневен ред случајот „Пуч“. Според првиот човек на Советот, Петар Аневски, прерано е да одлучуваат по овој предмет, бидејќи е поврзан со некои други постапки што се водат во Специјалното јавно обвинителство.
Вести
-
Македонија 05.07.2017 14:14
-
Македонија 05.07.2017 12:54
Второ пријавување во јунскиот уписен рок за средните училишта
Во средните училишта во државава, второ пријавување во јунскиот уписен рок. Резултатите ќе бидат објавени утре. Во средното училиште „Васил Антевски- Дрен“ очекуваат да ги пополнат квотите во јунскиот уписен рок.
-
Свет 05.07.2017 12:42
Над 50 жртви во поплавите во јужна Кина
Жртви и во јужнот дел на Кина каде што поројните дождови предизвикаа поплави во кои загинаа педесетина лица, а дваесет се водат за исчезнати.
Нивото на реките достигна критична точка, вклучувајќи ја и Јангцекјанг, најдолгата река во Азија.
-
Свет 05.07.2017 12:18
Габриел бара почитување на суверенитетот на Катар
Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел ја пофали воздржаноста во реакцијата на Катар во однос на дипломатскиот спор со арапските земји.
-
Македонија 05.07.2017 12:11
ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот обвинител да се избира на предлог на опозицијата со двотретинско мнозинство
ВМРО-ДПМНЕ бара јавниот обвинител да се избира на предлог на опозицијата и наместо со просто да се наименува со двотретинско мнозинство. Пратеничката група поднесе нов предлог Закон за јавниот обвинител по скратена постапка.
-
Македонија 05.07.2017 11:46
Серија земјотреси во Охрид, сеизмолозите велат- нема простор за паника
Во Охридскиот регион, регистрирани нови четири земјотреси со умерен до посилен интензитет. Земјотрес од 3,8 степени според Рихтер е почувствуван рано изутрината. Силен земјотрес го потресе Охрид и пет минути по полноќ, чија магнитуда беше 4,1 степен по Рихтер.
-
Македонија 05.07.2017 11:22
Владата ја одложи Кембриџ програмата
По укинувањето на екстерното оценување, стоп и за Кембриџ програмата. Владата реши, од 1-ви септември нема да се применува во основните училишта.
Според инфрмациите, проектот ќе биде одложен за една година, а во меѓувреме ќе треба да се направат анализи за неговата потреба и промена.
-
Македонија 05.07.2017 11:17
Претседателот Иванов на форумот Кран Монтана во Барселона
Претседателот Иванов од денеска до 7-ми јули ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија. Шефот на државата ќе се обрати и на годишната сесија на форумот Кран Монтана, што се одржува во Барселона.
-
Македонија 05.07.2017 11:14
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува МАНУ и МНР да излезат со став за договорот со Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги повикува Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Министерството за надворешни работи да излезат со став за договорот кој премиерот Заев има намера да го склучи со Бугарија.
-
Македонија 05.07.2017 11:10
Советот на јавните обвинители ќе ја продолжи седницата за предметот „Пуч“
Советот на јавните обвинители треба да ја продолжи седницата почната во четвртокот, за постапувањето по предметот „Пуч“.










