Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер ја погоди североисточна Јапонија, во близина на нуклеарната централа „Фукушима-1“.
Не е издадено предупредување за цунами, а нема податоци за жртви и за материјална штета.
Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер ја погоди североисточна Јапонија, во близина на нуклеарната централа „Фукушима-1“.
Не е издадено предупредување за цунами, а нема податоци за жртви и за материјална штета.
46- годишната прилепчанка Јасмина Стојковска 15-ина години знае дека има ретка болест - Акромегалија. Нарушена е работата на хормонот за раст и несразмерно влијае на растот на коските, органите, на ткивото. Но, не знае од кога била болна.
Специјалното јавно обвинителство со нова истрага „Труст“. Осомничени за злоупотреба на постапката за јавен повик се три физички и три правни лица. СЈО за двајца обвинети ќе бара мерка притвор.
Се одложи второто рочиште од судскиот процес за убиството на четиргодишниот Алмир Алиу. Докторите кои го изработеле невропсихијатриското вештачење не биле во можност да присуствуваат.
Милијардерот Вилбур Рос е нов министер за трговија. Горниот Дом на Конгресот му даде поддршка со 72 сенаторски гласа.
Рос изјави дека Владата на претседателот Трамп ќе ја смени Северноамериканската спогодба за слободна трговија позната како НАФТА.
Американските власти конфискуваа рекордни 4,2 тони кокаин од рибарски чамец во меѓународните води крај Суринам.
Вредноста на дрогата е проценета на околу 125 милиони долари. Запленувањето е извршено во рамките на заедничка патрола на крајбрежната стража на САД и на Тринидад и Тобаго.
Пентагон со нова стратегија ќе ја интензивира борбата против терористичката група Исламска држава.
Белата куќа ги разгледува предлозите од Министерството за одбрана за идните операции против џихадистите кои ги зачестија нападите.
„Слушнавме веродостојни извештаи за активно мешање на Американската амбасада во Македонија, во меѓупартиските политички прашања со влијание врз медиумската средина и врз граѓанското општество блиски до левицата.
Народната банка ги објави годишните податоци. Лани во Македонија влегле странски директни инвестиции во износ од 358,5 милиони евра, за 141,7 милиони повеќе од претходната година.
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 54 гласoви „за“ и 8 „против“, денеска ја усвои Предлог- резолуцијата за напредокот на Република Македонија во европските интеграции во 2016 година.