Лидерот на СДСМ Зоран Заев му ги предаде 67 - те пратенички потписи за формирање влада на претседателот Иванов. Од кабинетот на шефот на државата, велат дека претседателот одлуката за мандатот ќе ја донесе во наредните денови.
Вести
-
Македонија 27.02.2017 16:46
-
Економија 27.02.2017 16:38
Електронски увид во содржината на градежната парцела
Информации за секоја градежна парцела, за нејзината сопственост, содржина, што е изградено или предвидено да се гради, податоците се електронски достапни во Графичкиот регистар на градежно земјиште. Покрај графичкиот приказ има информации и за продажната цена на имотот и објектите во околината.
-
Македонија 27.02.2017 16:30
Метео: Утре сончево, од среда дожд и пониски температури
Сончевото и стабилно време во Македонија со повисока дневна температура продолжува и во текот на утрешниот ден.
Од среда се очекува промена на времето со врнежи од дожд, снег на повисоките планини, засилен ветер и пониски температури.
-
Економија 27.02.2017 16:29
Странските инвеститори имаат потреба од стручен кадар, субвенциите даваат ефекти
Моделот на привлекување на странски директни инвестиии по пат на субвенции е неопходен, пред сѐ поради енормната конкуренција од земјите во регионот, смета Штефан Петер претседател на Советот на странските инвеститори во земјава.
-
Македонија 27.02.2017 15:57
Македонски железници: Продолжува протестот на вработените
Продолжува протестот на вработените во Македонски железници. Министерот за транспорт и врски Мисајловски ги повика вработените да се вратат на работа за како што вели да има правен основ за да се подели плата. Има пари во буцетот, за компанијата околку 10 милиони евра се на располагање.
-
Македонија 27.02.2017 15:46
„Зелена планета“: Едукација на најмладите за придобивките од рециклирањето
Преку забава до поголема свест за значењето на селектирањето и третманот на различен вид отпад, почнувајќи од хартијата, пластиката, стаклото, лимената амбалажа, па сѐ до електронскиот.
-
Македонија 27.02.2017 15:35
Недела на солидарност со децата бегалци од Сирија
Хуманитарна помош од граѓаните на Македонија до децата бегалци од Сирија. Здружение на граѓани Легис и Првата детска амбасада Меѓаши ќе собираат пари за бегалците згрижени во камповите на граничната зона на Турција со Сирија.
-
Македонија 27.02.2017 15:20
Од променливото време страдаат хронично болните
Променливото време, ниска утринска, а висока дневна температура се шок за организмот. Најмногу мака им предизвикува на хронично болните. Во брзата помош најмногу се јавуваат граѓани со висок крвен притисок, со ревматски заболувања, но и асматичарите.
-
Македонија 27.02.2017 15:15
Квалитетни закони и институции за ефикасна борба против економскиот криминал
Потребни се квалитетни закони и институции за ефикасна борба против економскиот криминал, беше посочено на конференцијата која го означи почетокот на спроведувањето на проектот против овој заканувачки феномен.
-
Македонија 27.02.2017 15:12
Продолжува судењето за случајот „Диво насеље“
Најголемо незадоволство настана кога Албанци беа осудени за случајот Монструм, изјави Дем Шеху, третообвинет член на групата која се судри со полицијата во кумановската Дива населба.










