Откако вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев му ги предаде на претседателот на државата Иванов потребните пратенички потписи за формирање на новата влада, се чека одлуката на шефот на државата.
Вести
-
Македонија 28.02.2017 11:05
-
Македонија 28.02.2017 10:56
„За заедничка Македонија“: Денеска маршеви во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и во Кичево
Од здружението „За заедничка Македонија“ маршеви за зачувување на унитарноста на државата и против промена на името најавија и денеска во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и во Кичево.
-
Македонија 28.02.2017 10:40
Железничкиот сообраќај сѐ уште блокиран
Железничкиот сообраќај во Македонија и денеска е во прекин поради протестот на вработените кои бараат исплата на јануарската плата.
Од Железничката станица во Скопје информираат дека не сообраќаат ниту патничките, ниту товарните возови.
-
Македонија 28.02.2017 10:36
Ден на ретки болести
По повод одбележувањето на 28 Февруари - Денот на ретки болести денеска здружението „Вилсон“ Македонија во ЕУ инфо центарот ќе ги презентира податоците од истражувањето коешто покажало дека пациентите со ретки болести се сеуште невидливи пред законите на Македонија. -
Свет 28.02.2017 10:23
САД: Започна депортацијата на илегалните мигранти
Американските сили за имиграција и царина започнаа широка операција за депортација на илегалните имигранти коишто извршиле криминални дела во Соединетите Американски Држави. Дилери на дрога и припадници на банди се приведуваат ширум Америка по налози од мај 2016-та.
-
Економија 28.02.2017 10:18
Откупот на тутун поголем од очекуваниот
Завршува откупот на тутунот. Поголем дел од монополите ги затворија откупните пунктови.
Доколку во некое населено место има сеуште тутун за предавање, тутунарите треба да го известат откупувачот и да се договорат за времето и местото за превземање.
-
Економија 28.02.2017 08:11
Саем за градежништво и недвижности во Скопје
Од денеска до 4 март во три саемски хали на Скопскиот саем ќе се одржи 14. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7. RealExpo - Меѓународен саем на недвижности.
-
Македонија 28.02.2017 08:08
Сообраќајот без забрани по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по наместа влажни коловози, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 27.02.2017 16:54
Протест пред Владата на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“
Протест пред Владата за денеска најави Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија. На прес конференција објавија и Проглас во кој меѓудругото, се вели- Македонија има три Илиндени- дојде време да го обзнаниме четвртиот.
-
Македонија 27.02.2017 16:50
СЈО поднесе жалби за паричните казни за Јанева и Фетаи
СЈО поднело жалби до скопскиот Кривичен суд против одлуката на судот со која на обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи им беа изречени парични казни од по 2 илјади евра на рочиштето за насилството во Општина Центар, информираат од Специјалното јавно обвинителство.








