Околу 190 .000 луѓе се евакуирани од областите околу највисоката брана во САД, недалеку од градот Оровил во Северна Калифорнија. Американските власти се оптимистични околу можноста да се спречи огромна катастрофа доколку попушти браната од надојдената вода, која полека се повлекува.
Вести
-
Свет 14.02.2017 15:09
-
Економија 14.02.2017 14:37
Годинава изградба на рекорден број патишта
2017-та ќе биде година во која ќе се гради или обновува над 200 километри автопатска мрежа во Македонија- вели министерот за транспорт, Владо Мисајловски.
-
Македонија 14.02.2017 14:34
Метео: Сончево време со максимална температура до 14 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура во поголем дел од земјата ќе биде негативна, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Свет 14.02.2017 14:29
Полубратот на Ким Јонг-Ун убиен во Малезија
Полубратот на севернокорјскиот лидер Ким Јонг-ун е убиен во Малезија. Според кинеските медиуми, две жени го отруле со убод од игла на аеродромот во Куала Лумпур.
Властите се сомневаат дека се севернокорејски агенти. Осомничените се во бегство.
-
Свет 14.02.2017 13:47
Над 680 лица се уапсени во операции на имиграциските власти на САД
Припадници на американските имиграциски власти уапсија над 680 лица. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека 75 од нив се осудени за криминал, вклучувајќи убиства, па се до возење под дејство на алкохол.
-
Економија 14.02.2017 13:44
Најмногу угостителски објекти во скопскиот регион
Во земјава има вкупно 4.948 капацитети од кои 4.378 се угостителски објекти, а 570 се објекти за сместување гости, објави Државниот завод за статистика врз основа на спроведениот попис на капацитетите во угостителството од 1. до 12 ноември 2016 година.
-
Македонија 14.02.2017 13:30
Се набавува современа терапија за болните од рак
На Клиниката за онкологија се набавува современа терапија за лекување на малигни заболувања. Веќе се применуват цитостатиците за рак на бубрег и на кожа, а ќе се набавуваат уште четири вида. Со овие цитостатици ќе бидат опфатени околу 200 пациенти.
-
Македонија 14.02.2017 13:13
Нова спортска сала во училиштето „Св. Кирил и Методиј“
Нова спортска сала се гради во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
-
Економија 14.02.2017 12:49
Мисајловски: Со исто темпо продолжува изградбата на патната инфраструктура
Со истото темпо продолжува изградбата на патната инфраструктура, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Годинава ќе се обновуваат 40-ина патишта. Се проектираат два нови автопата, планиран е и почеток на изградба на три нови експресни патишта.
-
Македонија 14.02.2017 12:18
Судијата Џолев поднесе кривична пријава против Лазаров
Судијата Иван Џолев, преку неговиот адвокат Стеван Павлески, поднесе кривична пријава против Јордан Лазаров, претседател на Комисијата во Советот за утврдување факти.










