Министерството за надворешни работи на Русија го оцени како „чиста провокација“ написот објавен од македонската редакција на Дојче веле, во кој, како што се наведува, бил направен обид на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да му се припише идејата за поделба на Македонија. Целта на напис
Вести
-
Македонија 14.02.2017 11:20
-
Свет 14.02.2017 11:19
Уапсен осомничениот за планирање напад во клубот „Реина“ во Истанбул
Турската полиција го уапси лицето А.С. за кое постои сомневање дека планирало напад на новогодишната ноќ во клубот „Реина“, кога терористот Абдулгадир Машарипов уби 39 лица и рани 69.
-
Култура 14.02.2017 10:48
„Париз те сакам“ - концерт на Филхармонијата за Денот на вљубените
Македонската филхармонија вечер во 20 часот по повод Денот на вљубените во Македонската опера и балет ќе одржи симфониски концерт насловен „Париз те сакам“.
Ќе бидат изведени популарни француски шансони кои ги испеале Едит Пјаф, Ив Монтан, Жо Дасин, Мишел Легранд...
-
Македонија 14.02.2017 10:37
Традиционално закројување на лозјата во чест на Свети Трифун
Денеска традиционално се закројуваат лозјата во чест на Свети Трифун - заштитникот на лозарите. Во Македонија има 88 милиони пенушки засадени на површина од над 23 илјади хектари. Се произведуваат 78,5 милиони литри вино на точење и 28,05 милиони литри во шишиња.
-
Свет 14.02.2017 10:25
Грчките земјоделци ќе протестираат во Атина
Грчките земјоделци ќе одржат протест во Атина против најавените владини реформи. Фармерите веќе три недели ги блокираат патиштата низ земјата.
-
Свет 14.02.2017 10:17
Средба Трамп- Трудо: САД и Канада не се согласуваат за имиграцијата
Соединетите Американски Држави и Канада се согласуваат дека борбата против тероризмот е неопходна за безбедноста во двете соседни држави, но не се согласуваат за имиграцијата.
-
Економија 14.02.2017 10:08
Исплата на винско грозје
До утре винските визби треба да им ја платат на лозарите и втората рата од 40 проценти за купеното грозје.
Според законот исплатата е во рокод 6 месеци и на 3 рати од преземањето на откупениот род.
-
Свет 13.02.2017 16:42
Ердоган: Треба да формираме „безбедна зона“ во Сирија
Турскиот претседател Ердоган изјави дека Турција тежнее да формира „безбедна зона“ во Сирија, по воената операција во градовите Рака и Манбиј.
-
Економија 13.02.2017 16:41
ЕК: Македонија годинава со раст на БДП од 3,2 проценти
Според прогнозата на Европската комисија годинава, Република Македонија се очекува да забележи економски раст од 3,2%. Тоа би бил шести резултат во Европа зад Романија која е лидер со 4,4% раст на БДП.
-
Економија 13.02.2017 16:28
Расте бројот на туристи, потребна е поголема промоција
Политиката за поддршка на туризмот дава резултати- велат од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора. Сепак, сметаат дека се потребни нови чартер линии, промоција на автокапмовите и поголема комуникација меѓу приватниот и јавниот сектор.










