Вести

  • Македонија 26.01.2017 13:23

    Комеморација по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

    Холокаустот не треба да се заборави, туку да се извлечат поуки за младите- никогаш да не се повтори. Во Министерството за надворешни работи комеморативна церемонија по повод Меѓународниот ден на сеќавањата на холокаустот.

  • Македонија 26.01.2017 13:16

    Предлози за подобрување на квалитетот на воздухот

    Патот до почист воздух во земјата е во рацете на секој граѓанин, порача шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар. На завршната конференција на Твининг проектот за квалитетот на воздухот, апел- да се преземат мерки за воведување пар-непар.

  • Економија 26.01.2017 13:07

    УЈП: Продолжен рокот за даночните пријави и извештаи

    Откао сметководителите алармираа дека има проблеми со системот е- даноци, Управата за јавни приходи донесе одлука, роковите за поднесување на даночните пријави и на годишните даночни извештаи се продолжуваат за уште пет работни дена.

  • Македонија 26.01.2017 13:02

    ЕУ бара стабилна, цврста и одговорна влада

    Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, заедно со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн излегоа со заедничко соопштение за состојбите во Македонија.

  • Свет 26.01.2017 12:38

    Гарманија со нов закон за патарини

    Германската влада прифати нов закон за патарина за личните возила кој наиде на силен отпор од соседните земји иако беа усвоени измените по налог Европската комисија.

  • Свет 26.01.2017 11:35

    Жолтата грозница усмрти 40 луѓе во Бразил

    Бразил е во опасност од епидемија на жолта треска која во последниве два месеца усмрти 40 луѓе, што е рекорден број жртви од вирусот во последните 14 години.

    За ова заболување постои вакцина и доколку не се превенира може да предизвика и откажување на работата на бубрезите и крвавење.

  • Македонија 26.01.2017 11:11

    На Пелистер на повеќе пунктови се остава храна за дивечот

    Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“ не дозволува острата зима и обилните наслаги на снег да бидат опасност за преживувањето на дивечот.

  • Свет 26.01.2017 11:00

    Пронајдени 29 жртви од лавината во Италија

    Вкупниот број загинати во хотелот во централна Италија кој беше затрупан од лавина се зголеми на 29. 11 луѓе се спасени, меѓу кои и 4 деца. Несреќата беше предизвикана од серија земјотреси.

  • Економија 26.01.2017 10:42

    Тутун: Откупени 90 проценти од годинашната реколта

    15-ти март е последен ден за откуп на тутун, но се чини дека целиот процес ќе заврши порано. Според податоците на Министерството за земјоделство, деветте откупувачи досега презеле 17 илјади и 600 тони, односно околу 90 проценти од очекувањата за годинашната реколта.

  • Свет 26.01.2017 10:26

    Започнува изградбата на ѕид кон Мексико

    По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп од денеска започнува изградбата на ѕид кон Мексико. При посетата на Департментот за домашна безбедност, Трамп соопшти дека одобрил вработување на 5.000 гранични агенти и зголемување за четири пати на силите за имиграција и царина.

Pages