Почна да функционира новиот систем на евиденција на дрвна маса. Со 300 мобилни персонални компјутери електронски ќе се следи сечата од шумата до крајниот потрошувач. Со ова ќе се намали можноста за манипулации и кражби велат од „Македонски шуми“.
Вести
-
Македонија 25.01.2017 17:01
-
Македонија 25.01.2017 16:51
Починат бездомник во Битола, најдени траги на насилство
Во Битола е пронајден починат бездомник. Надлежен обвинител извршил увид во руинираната куќа каде што бил пронајден машкиот труп. На него имало видливи траги на насилство. Преземени се дејства за утврдување на причините за смртта.
-
Македонија 25.01.2017 16:32
Македонија воспостави дипломатски односи со Малта
Република Македонија и Република Малта воспоставија дипломатски односи, што е резултатот од интензивната комуникација во текот на 2016 година на политичко и дипломатско ниво меѓу двете страни, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи.
-
Култура 25.01.2017 16:30
„Кога денот немаше име“ премиерно на Берлинскиот филмски фестивал
„Кога денот немаше име“ својата премиера ќе ја има на 14-ти февруари на престижниот Берлинскиот филмски фестивал. Продуцентката Лабина Митевска, вели дека ова е еден од најзрелите филмови на Теона, носи уникатен стил на визуелно раскажување.
-
Македонија 25.01.2017 16:15
Песна, нови фотографии и многу фанови за роденденот на Тоше
Со инструменталната верзија на песната „Никада“, со досега необјавени 10-ина фотографии на Тоше и со крводарителска акција бројните фанови на Тоше од целиот Балкан го одбележаа неговиот 36-ти роденден. Без Тоше, но со него во срцата.
-
Македонија 25.01.2017 15:37
Се зголемува бројот на заболени од рак на грло на матка
Околу 300 жени годишно во земјава заболуваат од рак на грлото на матката- за половина од нив, болеста е фатална. Лекарите забележале дека жените од руралните средини и од социјално- ранливите категории најчесто заболуваат од рак на грлото на матката.
-
Култура 25.01.2017 15:25
Министерството за култура ја презентираше програмата за 2017-та година
Поинтензивна промоција на македонската култура, театарски спектакли, концерти, манифестации, опери, премиерни изведби. Министерството најави богата програма и во 2017 година. Во фокусот ќе биде и поддршката на музички проекти и настани како што се „Звуците на чаршијата“ и Културното лето.
-
Свет 25.01.2017 15:20
Меј наскоро ќе објави план за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј наскоро ќе објави детален нацрт-план за процесот на излез од Европската унија.
Со документот ќе се активира членот 50, што е формален процес за напуштање на европскиот блок.
-
Економија 25.01.2017 15:06
Нови 170 големи даночни обврзници
Уште 170 компании ги исполнија критериумите за влез во групата на големи даночни обврзници, за кои се грижи посебна дирекција во Управата за јавни приходи.
-
Македонија 25.01.2017 14:55
Побезбедни работни места со целосна примена на Законот
Извештаите за несреќи при работа го вклучија алармот за подигање на културата и свеста кај работодавците. Еден работник неделно гине на работно место, посочуваат од Македонското Здружение за заштита при работа. Во 2015-та регистрирани 144 несреќи, 39 со фатални последици.









