„Јас Доналд Џон Трамп свечено се колнам дека верно ќе ја извршувам функцијата Претседател на Соединетите Американски Држави и најдобро на моите можности ќе го чувам, штитам и бранам Уставот на Соединетите Американски Држави. Господ нека ми помогне.“
Вести
-
Македонија 21.01.2017 10:34
-
Свет 20.01.2017 17:25
Демонстранти во Вашингтон демолираат пред почетокот на инаугурацијата на Трамп
Демонстранти, кои се собраа против инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, облечени во црна облека, кршат стакла на продавници и автомобили.
Искршени се и прозорци на филијала на Банка на Америка, јавуваат локалните медиуми.
-
Македонија 20.01.2017 16:55
Метео: За викендот стабилно, нови врнежи од вторник
За време на викендот во Македонија ќе преовладува постабилно време, претежно сончево со умерена облачност и со услови за појава на магла по оддлени котлини во утринските часови.
Нови врнежи од снег се очекуваат во вторник.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 20.01.2017 16:25
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на СЈО за „Пуч“ е политичка
СЈО наместо орган кој што гони криминал се промовираше во партиски орган на СДСМ, чија основна задача е да го штити криминалот на Заев и злосторничкото здружение формирано околу него, oценил Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката на СЈО ја нарекоа преседан.
-
Свет 20.01.2017 16:11
Брисел очекува партнерски односи со новата американска администрација
Европската унија се надева на партнерски однос со новата американска администрација, на која како што изјави шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини уште во понеделникот, ќе ѝ треба малку време да се прилогоди на новите услови.
-
Македонија 20.01.2017 16:03
Најбарани лековите за кардиоваскуларни заболувања
Граѓаните лани во аптеките низ земјава најчесто ги барале лековите за кардиоваскуларни заболувања, за проблеми со респираторниот и со нервниот систем - покажуваат податоците од фондот за здравство. Од Фондот објаснуваат- се зголемуваат и потрошувачката и достапноста до медикаментите.
-
Македонија 20.01.2017 16:00
Директен пренос од инаугурацијата на Трамп на Собранискиот канал од 17 часот
Очите на светот вперени кон Вашингтон за инаугурацијата на Доналд Трамп, 45-от претседател на Соединетите Американски Држави. Трамп најави дека новата администрација во Белата Куќа ќе прави работи што со децении не биле правени за земјата, вети единство и обединување.
-
Македонија 20.01.2017 15:56
Почна пријавувањето за бања и бесплатен викенд за пензионери
Почна пријавувањето за бесплатна бања и бесплатен викенд за пензионери. До 20- ти февруари заинтересираните ќе можат да поднесат барање за користење на една од услугите во некоја од подружниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.
-
Економија 20.01.2017 15:43
Потрошувачката на струја зголемена за 17 проценти
Преносната и дистрибутивната електромрежа функционира без посериозни проблеми и во услови на ниски температури и при големи снежни навеви. Далноводите и преносната електромрежа на висок напон се целосно функционални и без нарушувања, а системот стабилен, велат од МЕПСО.
-
Економија 20.01.2017 15:22
Тутун: Две третини од реколтата се веќе откупени
Прилепчанецот Данчо Стојоски цел живот е тутунар. Вели, добро се роди, тутунот е квалитетен. Целиот род рачно го сработил. Чекаше времето да пушти за пеглање, за да ги донесе последните количества на вага.









