Според анкетите на „Еј-Би-Си“ и „Вашингтон пост“, Доналд Трамп е најнепопуларниот претседател на САД во последните 40 години и има поддршка само од 40% од народот.
Вести
-
Свет 18.01.2017 12:15
-
Свет 18.01.2017 11:43
Вашингтон донира 500 милиони долари во фондот на ОН за борбата против климатските промени
САД доставија 500 милиони долари во фондот на Обединетите нации за борба против климатските промени.
-
Македонија 18.01.2017 11:34
СЈО го повлече обвинението за предметот „Пуч“
Специјалното јавно обвинителство се откажа од обвинителниот акт за предметот „Пуч“ поради како што наведуваат, фактичката состојба која е во спротивност со доказите со кои се располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“. За ова ќе биде известен и скопскиот Кривичен суд.
-
Свет 18.01.2017 11:10
Обама помилува над 200 затвореници, меѓу кои и војникот Челси Менинг
Претседателот во заминување на САД Барак Обама донесе одлука за ослободување или намалување на казната на повеќе од 200 затвореници, меѓу кои е и војникот Челси Менинг осуден за шпионажа и објавување на документи на сајтот на Викиликс.
-
Македонија 18.01.2017 10:49
Општина Аеродром апелира возилата да не се паркираат на средина на улиците
Општина Аеродром денеска апелира до возачите да не ги паркираат своите автомобили на средина на сервисните улици и јавните паркиралишта за да можат непречено да поминуваат камионите, со кои се фрла сол и се чисти снегот.
-
Култура 18.01.2017 10:44
Врачување на Светската награда за хуманизам на Јиржи Свобода
Чешкиот режисер и сценарист Јиржи Свобода е добитник на Светската награда за хуманизам, што денеска ќе му биде врачена во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид.
-
Македонија 18.01.2017 10:37
Снежната покривка ќе се зголеми и до 40 сантиметри
Значително зголемување на снежната покривка, на повеќе места и за 20 до 30 сантиметри, најавува УХМР поради врнежите кои ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта.
-
Македонија 18.01.2017 10:26
Посебен сообраќаен режим за Водици во Центар и Ѓорче Петров
Утре е Богојавление- Водици. Во пресрет на верскиот празник, сообраќајната полиција за утре воведува посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, како и во општина Ѓорче Петров.
-
Македонија 18.01.2017 10:18
Сообраќајот отежнат од снег и магла
Магла со видливост до 50 метри има на Плетвар, снег паѓа во главниот град, во Крива Паланка, Дебар, Ресен, Делчево, Велес, Неготино, Штип, а слаб дожд има во Удово и во Гевгелија.
Нормализиран е патниот правец Кичево- Гостивар кај Стража, забрана има на делницата Маврово- Дебар.
-
Свет 18.01.2017 10:15
Промени во американската јавна дипломатија
Новиот американски претседател Доналд Трамп нема да ја користи јавната дипломатија како средство за убедување и постигнување на цели во странски држави како неговиот претходник Барак Обама.










