Во скопскиот Кривичен суд одложено рочиштето за случајот „Тврдина 2“ што го иницираше Специјалното јавно обвинителство за уништување документи за набавка на опремата за следење на комуникациите. Причина- неообезбедена декласификација на доказите.
Вести
-
Македонија 17.01.2017 14:56
-
Економија 17.01.2017 14:51
Благ пад на цените на недвижностите, ако пазарните услови останат исти
Благ пад на цените на недвижностите, ако условите на пазарот останат исти подолг временски период- очекуваат од катастарот на недвижности. Градежната активност е зголемена, но се намалува побарувачката на станови.
-
Македонија 17.01.2017 14:44
Договор за соработка меѓу охридскиот Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива
Соработката помеѓу ХБЗ од Охрид и Музејот на езерото Бива ќе се одвива на две нивоа.
-
Економија 17.01.2017 13:09
3.000 лидери на Светскиот економски форум во Давос
Од денеска до петок Давос е место на кое се собира светската политичка,бизнис и граѓанска елита. Годинава на Светскиот економски форум ќе учествуваат рекордни 3.000 лидери, а полицијата по неколкуте безбедносни закани во последниве две години максимално ги зголеми безбедносните мерки.
-
Македонија 17.01.2017 12:54
Времен сообраќаен режим за Водици
Сообраќајната полиција при СВР Скопје по повод големиот христијански празник Водици задутре ќе воведе посебен сообраќаен режим за сообраќајници во централното градско подрачје и во општина Ѓорче Петров, информира МВР.
-
Македонија 17.01.2017 12:41
Сообраќајот во зимски услови, остатоци од снег на коловозите
Нова снежна прекривка во државава. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози наместа со остатоци од снег на коловозите.
-
Свет 17.01.2017 12:37
Почна изборот на нов претседател на ЕП, Тајани и Питела со најголеми шанси
Европратениците од десет часот изутринава гласаат за изборот на нивни претседател.
-
Свет 17.01.2017 12:28
Уапсениот Узбекистанец ја призна вината за новогодишниот напад во Истанбул
34- годишниот Абдулгадир Машарипов ја призна вината за новогодишниот масакр во Истанбул во кој загинаа 39 луѓе. Полициската истрага утврди и совпаѓање на отпечатоците на прстите со оние кои беа пронајдени на местото на злосторството.
-
Економија 17.01.2017 12:22
Стабилни цени на пазарот на недвижности
Понудата на станови ја задоволува побарувачката и во моментов има доволно новоизградени станови, велат од Агенцијата за катастар на недвижности. Презентиран извештајот од Регистарот на цени и закупнини за периодот од јуни до септември минатата година.
-
Свет 17.01.2017 11:53
Брисел е против планот на Трамп за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим
Шефовите на дипломатиите на ЕУ се против планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.










