Со инструменталната верзија на песната „Никада“, со досега необјавени 10-ина фотографии на Тоше и со крводарителска акција бројните фанови на Тоше од целиот Балкан го одбележаа неговиот 36-ти роденден. Без Тоше, но со него во срцата.
Вести
-
Македонија 25.01.2017 16:15
-
Македонија 25.01.2017 15:37
Се зголемува бројот на заболени од рак на грло на матка
Околу 300 жени годишно во земјава заболуваат од рак на грлото на матката- за половина од нив, болеста е фатална. Лекарите забележале дека жените од руралните средини и од социјално- ранливите категории најчесто заболуваат од рак на грлото на матката.
-
Култура 25.01.2017 15:25
Министерството за култура ја презентираше програмата за 2017-та година
Поинтензивна промоција на македонската култура, театарски спектакли, концерти, манифестации, опери, премиерни изведби. Министерството најави богата програма и во 2017 година. Во фокусот ќе биде и поддршката на музички проекти и настани како што се „Звуците на чаршијата“ и Културното лето.
-
Свет 25.01.2017 15:20
Меј наскоро ќе објави план за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј наскоро ќе објави детален нацрт-план за процесот на излез од Европската унија.
Со документот ќе се активира членот 50, што е формален процес за напуштање на европскиот блок.
-
Економија 25.01.2017 15:06
Нови 170 големи даночни обврзници
Уште 170 компании ги исполнија критериумите за влез во групата на големи даночни обврзници, за кои се грижи посебна дирекција во Управата за јавни приходи.
-
Македонија 25.01.2017 14:55
Побезбедни работни места со целосна примена на Законот
Извештаите за несреќи при работа го вклучија алармот за подигање на културата и свеста кај работодавците. Еден работник неделно гине на работно место, посочуваат од Македонското Здружение за заштита при работа. Во 2015-та регистрирани 144 несреќи, 39 со фатални последици.
-
Македонија 25.01.2017 14:52
АЕК: Најмногу поплаки за високи сметки и слаб интернет
Високи сметки, слаб сигнал на интернет, ненавремна услуги, прекини во мобилното и фиксното ало– поплаки од граѓаните во контакт центарот на Агенцијата за телефонски комуникации. Лани имало 8.400 повици, за речиси 980-тина е поведена постапка за спор, од АЕК велат 85 насто добиле завршница.
-
Економија 25.01.2017 14:43
Во ноември 79,8 отсто од потрошената струја од домашно производство
Македонија лани во ноември вкупно потрошила 695.934 мегават часови електрична енергија, 33.459 милиони нормални метри кубни природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти.
-
Економија 25.01.2017 14:38
Пристигна петтиот патнички воз за МЖ Транспорт
Петтиот патнички воз купен од кинеската компанија ЦСР за ЈП Македонски железници Транспорт денеска пристигна во Македонија.
-
Македонија 25.01.2017 14:19
„Македонски шуми“ со нов систем за евиденција на дрвната маса
Почна да функционира новиот систем на евиденција на дрвна маса. Со електронскиот начин на следење на дрвото од шумата до крајниот потрошувач се подобрува целиот систем, велат од „Македонски шуми“. Се намалува можноста за манипулации и кражби.










