Повремени врнежи од дожд и снег денеска доцна попладне во западните и северозападните предели во земјава. УХМР прогнозира можна појава на замрзнат дожд ноќеска.
Вести
-
Македонија 13.01.2017 12:25
-
Економија 13.01.2017 11:55
ЕЛЕМ: Снабдувањето со струја непречено, забележана зголемена потрошувачка
Од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) соопштуваат дека снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар се одвива континуирано и во согласност со нивните потреби.
-
Македонија 13.01.2017 11:48
Водици неработен ден за православните верници
Богојавление (Водици), 19 јануари (четврток), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 13.01.2017 11:36
Нормализиран сообраќајот и на граничниот премин „Дојрани“
Од вчера од попладневните часови нормализиран е сообраќајот за товарни возила на граничниот премин Дојрани.
-
Македонија 13.01.2017 11:27
БЕГ: Отстранет дефектот со парно греење
Дефектот во топлотната мрежа поради кој без парно греење во текот на вчерашниот ден останаа дел од граѓаните во Центар и Карпош е отстранет и испораката на топлинска енергија се одвива непречено, информира денеска „Балкан енерџи груп“.
-
Свет 13.01.2017 11:14
Преговорите за Кипар завршија без договор
Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и Турци, Анастасијадис и Акинџи посветени на напорите за обединување на Кипар, завршија доцна синоќа без никаков договор.
Единствено е решено да продолжат на 18 јануари, но на ниво на експерти.
-
Култура 13.01.2017 11:03
Со дефилето под маски напладне почнува Вевчанскиот карневал
Денеска се одржува главната манифестација на карневалот во Вевчани. Маските и овојпат ќе ја покажат целата сатира, што ги отсликува случува случувањата во земјава и во светот.
-
Економија 13.01.2017 10:59
Расте довербата во градежништвото
Доверба во градежништвото во четвртото тримесечје од 2016 година е зголемена за 0,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година, оценуваат раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото.
-
Економија 13.01.2017 10:57
Зголемен бројот на туристи
За пет отсто е зголемен бројот на туристите во Македонија, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-ноември 2016 година во однос на истиот период во 2015-та, кај домашните туристи бројката е зголемена за 5,3, а кај странските за 4,8 проценти.
-
Македонија 13.01.2017 10:56
Голомразица и остатоци од снег на патиштата
АМСМ известува дека од вчеравечер бил блокиран патот Ресен-Битола кај месноста Баир. Целосно е нормализиран сообраќајот на потегот Валандово- Дојран.










