Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 13 часот ќе го врачи мандатот за состав на влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Кабинетот на македонскиот претседател.
Вести
-
Македонија 09.01.2017 12:13
-
Свет 09.01.2017 12:05
Берлин: Укинување на помош за држави кои нема да примат одбиени азиланти
Германија се закани дека ќе укине развојна помош за државите кои нема да примат назад одбиени баратели на азил.
Предупредувањето особено се однесува за Тунис каде Берлин не успеа да го депортира Анис Амри осомничен за нападот врз божикниот пазар во тој град.
-
Свет 09.01.2017 10:48
Нигерија: Над 20 жртви во напад на Боко Харам
Петмина нигериски војници и над 15 борци на Боко Харам се убиени во напад на исламистичката група врз воена база во североисточниот дел на Нигерија.
-
Економија 09.01.2017 10:44
Електроснабдувањето стабилно, зголемена потрошувачката на електрична енергија
Состојбата во електроснабдувањето е стабилна.
-
Македонија 09.01.2017 10:37
Сезонски грип: Во Битола по стотина пациенти дневно
Битола зазема високо место на скалата на заболени од сезонски грип. Веќе две недели медицинскиот персонал на Инфективното одделение при Клиничката болница работи без одмор. Дневно, над сто пациенти ја примаат потребнарта терапија.
-
Македонија 09.01.2017 10:32
Скршеници и повреди од паѓање на мраз
Скршениците на нога или рака, како и други повреди од паѓање на мраз ги полнат ординациите во болниците. Околу 50 граѓани во источниот регион побарале помош поради скршеници и повреди. Десетина случаи со фрактури на екстеримитетите имало во Струмица, Велес, Прилеп.
-
Свет 09.01.2017 10:23
Израел: Напаѓачот од Ерусалим бил симпатизер на ИД
Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дек 28-годишниот Фадил Кунбар кој влета во толпа луѓе со камион и уби четири лица во Ерусалим најверојатно бил симпатизер на Исламска држава.
Во нападот беа повредени уште 13 лица. Во меѓувреме биле уапсени 9-мина, осомничени дека биле соучесници.
-
Македонија 09.01.2017 10:17
Се укинува забраната за тешки товарни возила на Плетвар
Укината е забраната за тешки возила на планинскиот превој Плетвар, известуваат од „Македонија пат“. Има појава на голомразица поради ниските температури.
-
Македонија 09.01.2017 10:14
Најстудено во Маврово, минус 21 степен
Поларни температури преовладуваат во земјава. Најстудено ноќеска беше во Маврово, минус 21 степен. Во Битола, Тетово и во Лазарополе се регистрирани 20 степени под нулата.
Во Скопје температурата падна на минус 11 целзиусови, во Штип минус 10, Дојран и Гевгелија по минус 7 степени.
-
Македонија 09.01.2017 10:09
Груевски: Составување влада, но не по секоја цена
Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за „Дневник“.









