Мигрант од Авганистан починал од хипотермија откако пеш ја минал реката Еврос на границата меѓу Грција и Турција. Ноќните температури во областа се под нулата, па властите стравуваат дека во камповите ќе се зголемува бројот на заболени лица.
Вести
-
Свет 04.01.2017 12:18
-
Македонија 04.01.2017 12:09
Град Скопје: Фрлени 103 тони сол на градските улици и булевари
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатита ноќ фрлија 103 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.
-
Свет 04.01.2017 11:51
Масовно бегство од затвор на Филипините
160 лица избегаа од затвор на Филипините откако десетици вооружени мажи влегле и почнале да пукаат во објектот. Најмалку шест лица се убиени во престрелката, и исто толкав број затвореници се фатени и вратени од полицијата.
-
Свет 04.01.2017 11:30
Трамп не сака преместување на затворениците од Гвантанамо
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп повтори дека не сака да се преместат затворениците од американскиот воен затвор Гвантанамо во други земји, првенствено поради тоа што се работи за, како што вели, исклучително опасни луѓе.
-
Култура 04.01.2017 11:29
ДПМ: 83 дела на конкурсот за најуспешни книжевни остварувања
На конкурсот за најсупешни книжевни остварувања во 2016 година пристигнале 83 дела од сите жанрови- информира Друштвото на писателите на Македонија.
-
Свет 04.01.2017 11:07
Меркел по втор пат нема да присуствува на економскиот форум во Давос
По втор пат, германската канцеларка Ангела Меркел нема да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
-
Македонија 04.01.2017 10:47
Пратениците треба да достават анкетни листови до Антикорупциска
Новите 120 народни избраници, како и пратениците од претходниот состав на Собранието, до 30-ти јануари треба да поднесат анкетен лист и изјава за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата.
-
Свет 04.01.2017 10:43
Продолжена вонредна состојба во Турција за уште три месеци
Парламентот на Турција ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци. Властите ја воведоа по неуспешниот обид за државен удар од 15 јули за што го обвинуваат имамот Фетула Ѓулен.
-
Економија 04.01.2017 10:39
Пријавување данок за земјоделство до 31-ви јануари
Земјоделците кои во 2016-та година заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободние од плаќањето данок на доход. За заработени повеќе од 21 илјада евра даночното олеснување е 80 проценти од остварениот приход.
-
Македонија 04.01.2017 08:30
Најмногу снег во Маврово и Лазарополе
Највисока снежна покривка од 15 сантиметри, изутринава во осум часот е измерена во Маврово, девет сантиметри снег има во Лазарополе, седум во Дебар, четири во Тетово, три во Пожаране, а еден сантиметар во Берово, Крушево и Виница.









