Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска попладне ќе бидат врачени уверенијата за новите пратеници избрани на предвремените парламентарни избори 2016.
Вести
-
Македонија 28.12.2016 08:34
-
Македонија 28.12.2016 08:15
Сообраќајот без забрани, слаб снег на неколку патни правци
Сообраќајот во државата се одвива во зимски услови по влажни коловози во северозападниот и југозападните делови и по наместа влажни коловози во останатите делови.
-
Македонија 27.12.2016 16:55
Месо и благо на новогодишната трпеза
Раздвижено пред месарниците, слаткарниците и гифт-шоповите. Се брза да се купи сѐ што ќе биде потребно за новогодишната трпеза. За едните скапо за другите цените се исти, но велат треба да биде полна новогодишната трпеза. Месото е задолжително.
-
Македонија 27.12.2016 16:43
Метео: Снег на планините, пад на температурите
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно студено и ветровито време со силен северен ветер кој повремено ќе достигнува брзина од околу 100 километри на час особено на планинските предели.
Локално ќе има услови за провејување на слаб снег.
-
Економија 27.12.2016 16:40
Можност за економски раст над очекуваниот
Ревидираните податоци покажуваат дека македонската економија во трите квартали од 2016-та бележи раст во просек од 2,7% што е за 0,4 процентни поени подобро од ревидираните очекувања од 2,3 насто. Растот во првиот квартал изнесуваше 2,6%,во вториот достигна 3,1 а во третиот изнесуваше 2,4.
-
Свет 27.12.2016 16:29
Турција: Почна судењето на полицајците обвинети за вмешаност во обидот за пуч
Турскиот Силиври суд, но и поширокиот реон во Истанбул се под целосна опсада на безбедносните сили.
-
Свет 27.12.2016 16:16
Вашингтон со предупредување за можни терористички напади за празниците
Американските полициски агенции предупредија полицајците да бидат подготвени за можни напади на исламските терористи во Соединетите Американски Држави. Исламската држава објави список на американски цркви со нивните адреси на социјалните мрежи што треба да бидат нападнати за време на празниците.
-
Економија 27.12.2016 16:11
2017-та предизвик за бизнисмените
Ликвидност, инвестиции, нови пазари и добра инфраструктура се приоритетите на прилепските стопанственици во новата 2017-та година. Велат, имавме пристојна деловна година, но ни треба стабилна бизнис клима.
-
Македонија 27.12.2016 16:02
Средба Заев- Стафансон
Новата влада во Македонија мора да биде посветена на потребните реформски процеси, нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија, посочил претседателот на СДСМ, Заев на средбата со шведскиот амбасадор Стафансон.
-
Македонија 27.12.2016 15:59
Конституирање на Собранието по извештајот на ДИК за изборите
Државната изборна комисија во среда до Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од предвремените парламентарни избори и освоените мандати, по што се очекува да биде одреден датумот на конституирањето на новиот состав на Парламентот.










