Политичката криза удри по осигурителниот бизнис, ја забави динамиката на раст. Сѐ уште се осигурува само она што мора, 2016-тата се очекува да заврши со раст од 4 проценти, слични се проекциите и за следната година.
Вести
-
Економија 26.12.2016 15:03
-
Свет 26.12.2016 14:49
Индонезија и Тајланд одбележуваат 12 години од кобното цунами
Индонезија и Тајланд ја одбележуваат 12-годишнината од кобното цунами кое однесе 230 илјади човечки животи. Една од најтешките природни катастрофи во историјата погоди истовремено 14 земји во светот.
-
Македонија 26.12.2016 14:44
СДСМ: Пренамена на парите од буџетот на Град Скопје за намалување на загадувањето
Опозицискиот СДСМ соопшти дека новата влада што ќе се формира ќе извршела пренамена на парите од буџетот на Град Скопје, за да се намали загадувањето во Скопје. Од градоначалникот Трајановски побара да поднесе оставка.
-
Македонија 26.12.2016 13:11
Прелиминарна оценка на „МОСТ“ за прегласувањето
Граѓанската асоцијација „МОСТ“ излезе со прелимининарната оценка за прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце. Оттаму велат дека во периодот од поништувањето на резултатите до прегласувањето, ситуацијата била мирна, без инциденти.
-
Македонија 26.12.2016 12:49
Доделени наградите за најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2016-та
Марјан Димитриевски е најдобар полицаец, Ѕвонко Стојановски е најдобар пожарникар, а Љупчо Велковски најдобар крводарител за годинава што изминува.
-
Македонија 26.12.2016 12:39
Понеделник 2-ри јануари неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 1 јануари 2017 година (недела), Нова Година, односно 2 јануари 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
-
Свет 26.12.2016 12:35
Четири жртви во невремето на Филипините
Четири лица загинаа во тајфунот на Филипините. Предизвикана е и голема материјална штета. Околу 218.000 лица се евакуирани во центрите.
-
Македонија 26.12.2016 12:25
Метео: Променливо облачно со сончеви периоди
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Попладне и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за повремени слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места можно е провејување на слб снег.
-
Економија 26.12.2016 12:23
Горивата поскапуваат за два денари
Горивата од полноќ со повисоки цени- соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денара, со сличен раст и цената на мазутот.
-
Македонија 26.12.2016 11:57
Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег во Берово, Делчево, Прилеп и на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Слаб снег провејува во Берово, Делчево, Прилеп и на Плетвар, кој не се задржува на коловозот, информираат од „Македонија Пат“.










