Вести

  • Економија 16.12.2016 12:23

    Катастар: Да се продолжи рокот за изработка елаборати за дивоградби

    Агенцијата за Катастар на недвижности апелира граѓаните и компаниите до крајот на месецов да поднесат барање за изготвување елаборати за легализација на дивоградбите. Рокот истекува на 31-ви декември. Службите белат зголем интерес.

  • Македонија 16.12.2016 12:16

    Домаќинствата, сообраќајот, индустријата- најголеми загадувачи во Скопје

    Загревањето на домаќинствата, сообраќајот, индустријата- се најголемите загадувачи, покажале истражувањата. Со сет од 50 мерки Градот Скопје ќе го подобрува воздухот.

  • Свет 16.12.2016 11:53

    Продолжена вонредната состојба во Франција

    По петти пат е продолжена вонредната состојба во франција, воведена по нападите во Париз и во Ница во кои загинаа над 200 луѓе. Пролонгирањето ќе трае до јули идната година, што значи дека ќе биде активно и за време на претседателските избори во Франција закажани за в пролет.

  • Свет 16.12.2016 11:24

    Продолжува евакуацијата во источно Алепо

    Со забавено темпо продолжува евакуацијата на цивилите и бунтовниците од источно Алепо. Илјадници Сиријци чекаат да си заминат од деловите кои се под контрола на џихадистите, по што силите на претседателот Башар ал Асад би требало да ја преземат територијата во целост.

  • Македонија 16.12.2016 10:40

    Македонија го презема претседавањето со Јадранската повелба

    Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Јадранската повелба - Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД што се одржува во Загреб во рамки на хрватското претсед

  • Македонија 16.12.2016 10:39

    Петир: Неприфатливо е менување на волјата на гласачите

    Европратеничката и претседател на групата „Пријатели на Македонија во Еевропскиот парламент“, Маријана Петир, изрази загриженост поради случувањата на седницата на Државната изборна комисија каде, според неа, се прават обиди да се промени волјата на мнозинството граѓани изразена на фер и слободни

  • Свет 16.12.2016 10:26

    Гингрич: Трамп ќе работи на враќање на благосостојбата во Америка

    Кабинетот на новиот американски претседател Доналд Трамп ќе ги спроведува ветувањата од изборната кампања, ставајќи акцент на Америка и враќањето на економскиот просперитет, безбедноста и довербата во државните институции.

  • Економија 16.12.2016 10:22

    Електронска евиденција за откуп на земјоделски производи

    Се воведува електронски систем за водење на регистарот на откупувачи на земјоделски производи со целосна евиденција на родот, од договорените количества со производителите, до откупните цени и нивната исплата.

  • Македонија 16.12.2016 10:04

    Рочиште за настаните пред Општина Центар

    Никола Груевски и Миле Јанакиески треба да се појават во скопскиот Кривичен суд  за случајот Општина Центар. Судењето ѝ е доделено на Татјана Михајлова која е в.д. претседателка на судот.

  • Македонија 16.12.2016 08:23

    ДИК продолжува со работа напладне

    Државната изборна комисија го проби рокот за одлучување по приговорите поднесени од СДСМ и движењето БЕСА. Ноќеска во 3 часот и 30 минути по полноќ членовите на Комисијата ја прекинаа седницата и најавија дека расправата продолжува денеска напладне.

Pages