Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека синоќешниот протест бил достоинствен и патриотски. Според партиското соопштение, СДСМ имаше можност да види како изгледа кога граѓаните демократски, на протест, го бранат правото на глас и одлучувањето за својата иднина.
Вести
-
Македонија 16.12.2016 15:09
-
Македонија 16.12.2016 15:07
СДСМ: Да не се подлегнува на провокациите
Институциите на системот мора да се справат со говорот на омраза и со повиците за линч кон се што е демократско во Македонија- реакција на СДСМ по синоќешниот протест на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК.
-
Економија 16.12.2016 14:50
„Струмица табак“ нема бонитет, но тутунот ќе се откупи
„Струмица табак“ ги загуби роковите за откуп на тутун. До законскиот рок, 15-ти декември, оваа компанија ниту ги отвори пунктовите за откуп на договорените 2.300 тони, ниту достави бонитет дека ќе го плати родот.
-
Македонија 16.12.2016 14:40
Претставени кумот и здравичарот за Бадник 2017
Традицијата продолжува. Скопките бадникари по 25-ти пат ја најавија бадникарската прослава. Годинава кум е бизнисменот Радко Манов, а здравичар фудбалерот Љубиша Николиќ.
-
Македонија 16.12.2016 14:33
ДИК ја продолжи седницата за приговорите
Државната изборна комисија попладнево ја продолжи седницата за разгледување на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори. ДИК треба да се произнесе за преостанатите приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ.
-
Економија 16.12.2016 14:10
Се очекува благ пад на цената на недвижностите
Агенцијата за катастар на недвижности информираше за цените и трансакциите во вториот квартал од годинава. Оттаму велат дека може да се очекува благ пад на цените на становите во Скопје.
-
Македонија 16.12.2016 13:57
Метео: За викендот сончево и студено, од понеделник дожд и снег
Првиот ден од викендот ќе ни донесе сончево и студено време со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во недела ќе преовладува сончево време со умерена облачност.
Минималната температура ќе падне на -15, а максималната ќе достигне до 9 степени.
-
Македонија 16.12.2016 13:17
Подготвително рочиште за случајот Општина Центар
Никола Груевски и Миле Јанакиески се појавија на подготвителното рочиште во скопскиот Кривичен суд за случајот Општина Центар. Во скопска единица се појави и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи. Судењето ѝ е доделено на Татјана Михајлова која е в.д. претседателка на судот.
-
Македонија 16.12.2016 12:59
Слаб снег на неколку патни правци
Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива тековно по наместа влажни коловози, а слаб снег којшто не се задржува на коловозот провејува во Прилеп, Буково, Ѓавато, Пресека и Железнец.
-
Свет 16.12.2016 12:39
Прекината евакуацијата во Алепо, бунтовниците не го почитуваат договорот
Сириската влада ја запре евакуацијата во источно Алепо, обвинувајќи ги бунтовниците за непочитување на договорот. Според неофицијален извор, во областа се слушаат пукотници и експлозии.










