Клеопатра- најмистериозна жена на античкиот свет, легендарна освојувачка на срцата, љубовница на Цезар и Марко Антонио, последна владетелка на Египет, низ балетска игра ќе ја донесе на сцената на Македонската опера и балет, примабалерината Александра Мијалкова.
Вести
-
Култура 10.11.2016 15:26
-
Македонија 10.11.2016 15:01
Божиновски: Против мене се води политички монтиран процес
Не сум уценувал, ниту сум изнудувал пари. Бизнисменот Минчо Јорданов во пет наврати доброволно ми исплати 30 илјади и 500 евра. Нема докази дека сум продавал државни тајни на странски служби, ниту дека сум бил член на злосторничко здружување. Ова го изјави во судница новинарот Зоран Божиновски.
-
Свет 10.11.2016 14:52
Шпанија: Упасени 56 лица осомничени за педофилија
Шпанската полиција уапсила 56 лица осомничени за детска порнографија преку интернет. Повеќе од 150 полицајци и 46 истражни судии учествувале во операцијата која била спроведена во 28 шпански провинции.
-
Македонија 10.11.2016 14:47
Врачено признанието „Повелба на Република Македонија“ на Инженерската институција на Македонија
Претседателот Иванов го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на Асоцијацијата на здруженија на инженери за постигнатите резултати во развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини.
-
Македонија 10.11.2016 14:39
МВР заплени над 100 килограми марихуана вредна милион евра
Македонската полиција пресече меѓународен канал на недозволена трговија со дрога. Запленети се над 100 килограми марихуана со потекло од Албанија која преку Македонија требало да биде пренесена во Турција. На црниот пазар би достигнала цена од околу милион евра.
-
Македонија 10.11.2016 14:20
Метео: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер.
Попладне и во текот на ноќта на места со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.
-
Македонија 10.11.2016 14:03
ФЗОМ: Годинава доделени 1.200 ваучери за ин витро оплодување
1.200 ваучери годинава се доделени за ин витро за прво дете. До крајот на годинава се очекува бројот да се зголеми. Фондот за здравство смета дека оплодувањето ќе биде зголемено за 20 насто за разлика од лани.
-
Македонија 10.11.2016 13:57
Земјотрес почувствуван во југоисточна Македонија
Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во 13 часот и 12 минути во југоисточните делови на Република Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-
Македонија 10.11.2016 13:55
Уапсени две лица од Скопје за тероризам и поврзаност со ИСИС
Две лица на возраст од 23 и 24 години од Скопје се уапсени поради инволвираност во подготвување на извршување кривично дело „тероризам“ и за поврзаност со повратници од ИСИС, информира денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.
-
Македонија 10.11.2016 13:21
Попоски на Виенската конференција за миграции
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска ќе учествува на Меѓународната конференција за миграции што се одржува во Виена, Австрија.










