Судење на новинарот Зоран Божиновски во скопскиот Кривичен суд. Тој се товари за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Божиновски денеска беше сослушан. Тој изјави дека станува збор за политички монтиран случај, во кој не постојат докази.
Вести
-
Македонија 10.11.2016 13:13
-
Македонија 10.11.2016 13:09
Либералната партија ги утврди кандидатските листи
Либералната партија ги определи носителите на пратеничките листи во пет изборни единици. Лидерот Ивон Величковски е носител во единицата, потпретседателот Кире Бузлиев во двојката, во третата е Данчо Марковски, Даница Јованова во четвртата и кице Мицковски во петтата изборна единица.
-
Македонија 10.11.2016 13:02
Градење соодветни политики за реализација на Целите за одржлив равој на ОН
До 2030-та во светот треба да биде реализирана амбициозната агенда на Обединетите нации за одржлив развој. Со неа треба да се стави крај на сиромаштијата, борбата против нееднаквоста и справување со климатските промени, цели договорени на Самитот на светски лидери во септември 2015-та.
-
Свет 10.11.2016 12:55
Протести низ САД по победата на Трамп
Илјадници демонстранти незадоволни од победата на Доналд Трамп одржаа протести во САД. Реториката за време на кампањата во однос на мигрантите, малцинствата, жените, хомосексуалците и други категории граѓани се главна причина за страв и револт кај населението.
-
Македонија 10.11.2016 12:28
ОЈО Скопје ја истражува сообраќајната несреќа во која загина 19- годишно момче
Кривичната пријава за случената сообраќајната несреќа од 20-ти октомври годинава, кога возач на патничко возило удри во сега починатото деветнаесет годишно момче Х.К. во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна на 8-ми ноември.
-
Свет 10.11.2016 12:20
Избран нов претседател на Интерпол
Висок кинески владин претставник е избран за претседател на Интерпол. Новиот раководител на Интерпол е досегашниот кинески заменик министер за јавна безбедност, Менг Хонгвеј.
-
Македонија 10.11.2016 12:19
Од 15-ти ноември задолжителна зимска опрема за возилата
Во вторник следната недела, 15-ти ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15-ти март наредната година, потсетуваат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).
-
Култура 10.11.2016 12:06
Почнува 15-от Фестивал на европски филм „Синедејс“
Со српскиот филм „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ вечер во кино „Милениум“ ќе биде отворен 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“ (CineDays).
-
Македонија 10.11.2016 11:49
Централниот регистар со продолжено работно време за регистрација на учесниците на изборите
Регионалната регистрациска канцеларија на Централниот регистар на Македонија во Скопјена 11-ти и 15-ти овој месец ќе работи со продолжено работно реме од 8:30 до 00:00 часот со цел регистрација на учесниците во изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2016 година.
-
Економија 10.11.2016 11:35
ЕК: Политичката криза и поплавите го намалија растот за оваа година
Политичката криза и поплавите го намалија растот на бруто домашниот производ за оваа година. Наместо 3,7 проценти, ќе изнсува 2,1- проектира Европската комисија во најновата есенска прогноза.










