Стигна кривичната пријава од судијата Иван Џолев во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдија од Јавното обвинителство.
Вести
-
Македонија 03.11.2016 15:38
-
Македонија 03.11.2016 15:32
Случај „Трезор“: Екс директорот на УБК на распит
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков помина два часа на распит кај судија на претходна постапка. Осомничен е во случајот „Трезор“. Дали дал исказ пред судијата не е познато. Тој си замина по распитот преку службениот излез на судот во присуство на бранителот Никола Додевски.
-
Македонија 03.11.2016 15:13
АХВ: Децата не смееле да пијат енергетски пијалок
Непочитувањето на предупредувањето кое е наведено во означувањето дека енергетскиот пијалок не смее да го пијат лица под 18 години е причина за влошувањето на здравствената состојба на тројцата малолетници од Скопје.
-
Свет 03.11.2016 15:10
Ердоган: Германија стана „засолниште за терористи“
Турскиот претседател Ердоган изјави дека Германија станала „засолниште за терористи“, обвинувајќи го Берлин дека не сака да екстрадира поддржувачи на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
-
Македонија 03.11.2016 14:55
Метео: Утре слаб локален дожд
Во текот на утрешниот ден во утринските и претпладневните часови на места ќе има појава на слаб локален дожд.
Попладне ќе преовладува променливо облачно време со слаб ветер од променлив правец.
-
Економија 03.11.2016 14:54
НБРМ: Раст на економијата од 2,3% годинава
Раст на БДП од 2,3 насто проектира Народна банка за годинава. Се очекува закрепнување на економијата и нејзино забрзување во наредните две години. Според најновите ревидирани проекции, дефицитот ќе биде околу 2 насто.
-
Македонија 03.11.2016 14:53
До ДИК досега пријавени 214 гласачи со спорни записи
До денеска до 14 часот 214 граѓани, од вкупно 29.858 чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале неконзистенти, побарале запишување во Избирачкиот список, информира Државната изборна комисија.
-
Економија 03.11.2016 14:46
Отоворена новата фабрика на „Леар“
Во индустриската зона во Тетово отворена новата фабриката на американската компанија „Леар“. Инвестицијата тежи 15 милиони евра, а се простира на 12 илјади квадратни метри.
-
Свет 03.11.2016 13:39
Лондон: Владата ќе мора да ги консултира пратениците за Брегзит
Вишиот суд во Лондон реши дека парламентот ќе мора да се изјасни за тоа кога владата ќе може да го покрене членот 50 од Лисабонскиот договор, за да почне процесот на напуштање на Велика Британија на Унијата.
-
Македонија 03.11.2016 13:20
Познат идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Кичево
Синоќа тешка сообраќајка на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај село Букојчани. Загинаа три лица, а уште две се повредени. Според информациите, автомобил „Форд Ескорт“ удрил во трактор со приколка натоварена со дрва.










