Комесарот Јоханес Хан пристигнува во Скопје следниот петок на 14-ти октомври, потврди за МТВ неговиот портпарол Маја Коцијанчич. Тој ќе оствари средба со претставниците на четирите најголеми политички партии, специјалниот обвинител и претставниците на граѓанското општество.
Вести
-
Македонија 06.10.2016 15:36
-
Македонија 06.10.2016 15:07
Продолжува судењето за случајот „Диво насеље“
Полицијата го тепала, се пожали на повреди, па судијката повика итна медицинска помош. Додека лекарите го прегледуваа Енвер Хоџа Клајн, обвинет за тероризам во случајот „Диво насеље“ уште 14 членови на кумановска група побараа лекарски преглед.
-
Македонија 06.10.2016 15:04
Обвинителство: МИТ запишувал студенти на факултети без акредитација и дозвола за работа
Вчера МВР почна акција во приватниот универзитет МИТ во Скопје и вршеше претреси во просториите. Од Јавното обвинителство информираа дека акцијата била иницирана по поднесени 20-тина претставки на студенти од Република Турција кои биле запишани на овој универзитет.
-
Свет 06.10.2016 14:44
Кој е Антонио Гутерес?
Поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутерес е новиот генерален секретар на Обединетите Нации. Договорот е постигнат на неформалното гласање зад затворена врата, а одлуката ја соопшти рускиот претставник во Организацијата, Виталиј Чуркин.
-
Економија 06.10.2016 14:14
Субвенции од два денара за килограм откупено грозје „смедеревка“
Винариите откупувачи на винско грозје ќе добијат по два денари за откупен килограм „смедеревка“. Владата ја донела оваа дополнителна мерка бидејќи поради дождовите на нивите останало околу 20 до 30.000 тони грозје „смедеревка“.
-
Македонија 06.10.2016 14:07
Отворени денови на ФЗОМ
Сите информации на едно место- Фондот за здравство ги отвори вратите за осигурениците. Проблемите и идеите за подобро функционирање на Фондот ќе можат дирекно да им ги кажат на одговорните лица. Ќе можат и да се информираат за правата во врска со здравственото осигурување.
-
Македонија 06.10.2016 14:00
Град Скопје ќе субвенционира купување печки на пелети
Град Скопје ќе надомести дел од трошоците направени при купување на печки на пелети за затопливање на домовите- градоначалникот на градот ја предложил оваа мерка до Советот на Град Скопје.
-
Македонија 06.10.2016 13:36
„Транспаренси интернешенел“: Барањата на СЈО се легитимни
Невладината „Транспаренси интернешенел“ изразува негодување за неизгласувањето на измените на Законот за заштитени сведоци предложени од Специјалното јавно обвинителство, а за кое се расправаше и гласаше на седницата одржана пред два дена.
-
Македонија 06.10.2016 12:59
Акција на универзитетот МИТ, студентите повикани на настава
Вчера МВР почна акција во приватниот универзитет МИТ во Скопје и вршеше претреси во просториите.
-
Македонија 06.10.2016 12:45
Прекинато рочиштето за „Диво насеље“
Денешното рочиште за случајот „Диво насеље“ е прекинато откако еден од обвинетите се пожалил на повреда по што била повикана екипа на итна помош.










