Десет невладини ромски организации се првата коалиција за претстојните парламентарни избори.
Вести
-
Македонија 13.09.2016 16:25
-
Македонија 13.09.2016 16:14
Метео: Сончево со умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд особено во планинските предели.
Максималната температура ќе достигне до 32 степена. Во Скопје се очекува температура до 29 степени.
-
Македонија 13.09.2016 16:08
ОМД и економскиот промотор во Вашинтон во кавга
Поплавите во Скопје предизвикаа реакции во Вашингтон. Обединетата македонска дијаспора и економскиот промотор Оливер Ристиќ се во отворена кавга. Расправијата започна на социјалните мрежи за помошта од иселениците за луѓето од поплавените места.
-
Македонија 13.09.2016 16:02
Јавна дебата за процесот на лустрација
Класична пресметка со политичките неистомисленици и реваншизам, вака процесот на лустрација го оценуваат лицата прогласени за соработници на тајните служби и дел од експертската јавност. Се лустрираа починати лица и без докази, беше речено на дебатата.
-
Македонија 13.09.2016 15:52
Европски ревизорски суд: Намалување или запирање на помошта од ЕУ за Западен Балкан
Во извештајот се прецизира дека во земјите од Западен Балкан постои „слаб административен капацитет“, но и „недостиг на политичка волја за реформи на институциите“ во некои земји.
-
Економија 13.09.2016 15:41
Ќе се развиваат енергетски конкурентни компании
Десет одбрани помали компании ќе учат како да заштедат енергија за да ги намалат трошоците во производствениот процес. Прво имаат обука, а потоа и помош од државата за да ја заменат опремата. Крајната цел е да станат поконкурентни на пазарот.
-
Македонија 13.09.2016 15:30
Случај „Еразмус“: Професори од Економски повикани во суд
Професорите од Економскиот факултет обвинети за примање поткуп денеска беа повикани во Кривичниот суд откако обвинителството побара судот да им изрече забрана за да предаваат на Факултетот.
-
Македонија 13.09.2016 15:26
Лицата кои се враќаат од странските боишта- потенцијална закана
Безбедносната ситуација во Република Македонија е стабилна, но сепак се реални заканите и предизвиците со кои се соочуваат и другите држави во регионот и Европа.
-
Свет 13.09.2016 15:18
Во војната во Сирија досега загинале над 300.000 луѓе
Бројот на загинати во Сирија од почетокот на судирите во 2011 година досега достигнал над 301.000 лица, тврди Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
-
Економија 13.09.2016 15:16
Наумов: Повторен обид за манипулација со долгот
Долгот што доспеваше на 7-ми септември се врати со средствата од аукцијата одржана ден претходно, со која дополнително јавниот долг се зголеми за нови пет милиони евра, се вели во соопштението од дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.










