Во големата сала на Врховниот суд, продолжува судскиот процес за случувањата во кумановската „Дива населба“. Рочиштето е сè уште затворено за јавноста, бидејќи се испитуваат заштитените сведоци.
Вести
-
Македонија 14.09.2016 10:40
-
Македонија 14.09.2016 10:33
Хан: Веродостојните избори се клуч за враќање на евроатланскиот пат
Во Стразбур еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на средба со европратениците Ховит, Вајгл и Кукан. Разговарале за политичката состојба во земјава.
-
Свет 14.09.2016 10:29
Вашингтон: Трговските договори мора да продолжат
Трговските договори на Соединетите Американски Држави со други земји ќе придонесат за зголемување на економскиот раст и странските инвестиции и за намалување на долгот, оценуваат поранешните американски трговски претставници.
-
Македонија 14.09.2016 10:21
Без складишта за арско ѓубре нема субвенции за фармите
Доколку сакаат субвенции, големите фарми ќе мора да имаат и складишта за арското ѓубриво.
Обврската е за стопанствата со повеќе од 50 крави, 250 свињи, 5.000 несилки или 10.000 бројлери.
-
Македонија 14.09.2016 08:09
Нов земјотрес од 3,2 степени по Рихтер ноќеска го стресе Скопје
Нов земјотрес со интензинтет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Скопје и околината.
-
Македонија 13.09.2016 17:19
Внатрешен прогрес за подобра надворешна позиција
Време е посредникот Нимиц да му реферира на Советот за безбедност дека двете земји се далеку од решение во спорот за уставното име на земјава, смета првиот амбасадор на земјава во Грција, Љупчо Арсовски.
-
Свет 13.09.2016 17:17
Аселборн: Унгарија да се исфрли од ЕУ поради бегалците
Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, смета дека Унгарија би требало привремено, па дури и трајно да се исклучи од Европската Унија главно поради нејзиниот став за бегалците но и за други прашања.
-
Македонија 13.09.2016 17:13
Градинките и училиштата со редовна работа
Малата Емили денеска беше редовно на училиште. Биле и нејзините другарчиња. Вели, само петмина од целиото одделение биле отсутни. По часовите дојде да ја земе нејзиниот дедо. Била на училиште и кога се случил првиот земјотрес вчера, но не се исплашила.
-
Македонија 13.09.2016 16:47
Недостатокот на политичка волја- клучен проблем за спроведување на реформите
Недостатокот на политичка волја во земјава го попречува успехот на проектите во областите на владеење на правото- велат од Институтот за европска политика. Токму ова е и најслабата точка нотирана во извештајот на Европскиот ревизорски суд.
-
Македонија 13.09.2016 16:38
Градбите во Скопје- сеизмички стабилни
Генерално, градбите во Скопје се сеизмички стабилни, проектирани да издржат земјотрес до деветтиот степен. Единствено ранливи се постарите објекти подигнати пред седумдесетите- тврдат екпертите и сеизмолозите.










