Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.
Дневната температура ќе достигне до 30 степени.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.
Дневната температура ќе достигне до 30 степени.
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го потресе Скопско во 14 часот и 19 минути. Епицентарот бил девет километри североисточно од Скопје, во близина на Црешево, на длабочина од пет километри. Серијата потреси во околината продолжува.
Да се смести детето во градинка е како лото добивка. Со месеци па и повеќе од една година се чека на листите во Прилеп. Родителите на големи маки.
Додека Министерството за правда го смислува решението за 6-тата изборна единица каде има вишок на гласачи од предвидениот број, експертите велат за такво техничко прашање нема причина изборите да се одложат.
На првиот ден од Курбан Бајрам кај муслиманските верници традиционалната баклава се наоѓа на трпезата. Таа е симбол на величината на милостивоста и солидарноста, со желби за добро здравје, разбирање и благосостојба.
Од вкупно 3.000 хектари земјоделско земјиште колку што има во реонот погоден од поплавите во Скопско, силното невреме уништило околу 1.000. До ваков заклучок дошле професори од Земјоделскиот факултет кои на терен правеле проценка.
Центарот за управување со кризи до изутрината добил 300 пријави за штети од вчерашниот земјотрес на територијата на Скопје. На телефонот 195 граѓаните се пожалиле на оштетувања на фасади од куќи и згради, скршени прозорци во Ченто, Црниче, Шуто Оризари, Синѓелиќ, Драчево, Ракотинци и Мичурин.
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска имаше средба со новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје Самуел Жбогар, на која беа поздравени позитивните односи помеѓу Македонија и ЕУ и истакната обострана посветеност за нивно
Големиот пријател на Македонија и на македонскиот народ, лауреатот Рудолф Шустер, стана почесен доктор на науки на Универзитетот „Свети Климент Охридски“- Битола.
Вонредните парламнетрани избори во Хрватска не донесоа ништо ново на политичката сцена во однос на одмерувањето на силите. ХДЗ со парнерите е реален победник. Лидерот Андреа Пленковиќ изјави дека веќе од денеска ќе биде формирана платформата за преговори за нова влада.