Вести

  • Македонија 21.06.2016 16:38

    Партиите со реакција за синоќешните демонстрации

    Вчера СДСМ демонстрираше анархија и беззаконие преку платени маскирани хулигани  со една единствена цел, да го предизвика гневот на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија и да поттикне меѓусебно закрвување и конфликт. Ние знаеме дека тоа им е крајната цел- рече Илија Димовски.

  • Македонија 21.06.2016 16:29

    Во тек вториот уписен рок на Институтот за филм во Охрид

    Кандидати од САД, Индија, Мексико, Ирска се пријавиле на првиот уписен рок на објавениот конкурс за постдипломски студии на Институтот за филм - Филмска академија Охрид. Вкупно имало 18 кандидати. 11 ги исполниле условите за прием и тие со студиите ќе почнат од октомври.

  • Економија 21.06.2016 16:17

    Македонија и францускиот регион Алзас ја продлабочуваат соработката

    Туризмот и гастрономијата потенцијали за унапредување на соработката со францускиот регион Алзас. Интерес има кај компаниите од  енергетскиот и ИТ секторот, текстилната и автомобилската и електроиндустријата, агробизнисот и производството на храна.

  • Свет 21.06.2016 16:06

    Лажна закана ја крена на нозе белгиската полиција

    Белиската полиција на нозе по лажната закана на маж дека ќе се саморазнесе во центарот на Брисел. Откако бил приведен кај него не е пронајден експлозив. Ова предизвика паника во метрополата. Итно беше евакуиран центарот, сообраќајот беше запрен и затворени околните продавници.

  • Економија 21.06.2016 15:58

    „Македонија вработува 2“: Најавени 15 до 20 илјади нови работни места

    За десетина дена почнува втората фаза од проектот „Македонија вработува“. Надлежните очекуваат да резултира со 20 илјади нови работни места. Ќе се опфатат истите пет категории како и во претходната фаза.

  • Свет 21.06.2016 15:29

    САД нема да ја засили контролата на оружјето

    Американскиот Сенат ги отфрли барањата за заострена контрола за оружје. Потенцијалните терористи и натаму ќе имаат слободен пристап до него.

  • Култура 21.06.2016 15:24

    Филмот „Лазар“ пред бриселската публика

    Македонскиот филм „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски, а во македоско- хрватско- бугарска- француска копродукција, вчера и беше прикажан на бриселската публика. „Лазар“ е еден од неколкуте номинирани европски филмови на најпрестижниот Белгиски филмски фестивал.

  • Македонија 21.06.2016 15:15

    Одбележан денот на Охридското Езеро

    Со пуштање на завет во шише во езерските води, потпишан од градоначалниците на Охрид и албанскиот град Поградец, најмладите од двата крајезерски града се обврзаа дека ќе го чуваат Охридското Езеро како најскапоцен божји дар.

  • Свет 21.06.2016 15:11

    ЕК ќе деблокира милијарда евра помош за Турција

    До крајот на месецов Европската комисија ќе деблокира милијарда евра помош од механизамот на ЕУ за бегалците во Турција, изјави Оливие Ониди, заменик-директор на Европската генерална дирекција за миграција и внатрешни работи.

  • Свет 21.06.2016 15:08

    Четири лица загинаа во невреме во Јапонија

    Четворица  загинаа, а двајца се водат за исчезнати во поројните дождови во југозападниот дел на Јапонија.

    Метеоролозите предупредија на можно лизгање на земјиштето и поплава во неколку региони.

Pages