Преку формирање деловен клуб, Сојузот на стопански комори (ССК) и Општина Илинден ќе ја зајакнуваат економијата на локално ниво.
Основањето на деловниот клуб ќе биде официјализирано денеска со меморандум за соработка помеѓу општината и комората.
Преку формирање деловен клуб, Сојузот на стопански комори (ССК) и Општина Илинден ќе ја зајакнуваат економијата на локално ниво.
Основањето на деловниот клуб ќе биде официјализирано денеска со меморандум за соработка помеѓу општината и комората.
Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска ќе се одржи конференција на тема „Париз Балкан 2016 – клучни предизвици и очекувања на Република Македонија“.
Со воведувањето на таканаречениот паралелен увоз се овозможува повеќе фирми да набавуваат пестициди од странство.
Препаратите мора да се одобрени за употреба и регистирани во земјите на Европската Унија.
Собранието пред малку не го изгласа предлогот поднесен од пратениците на СДСМ за утврдување на одговорност за претседателот Ѓорге Иванов.
За импичмент на шефот на државата гласаа 35 пратеници, а 47 беа против.
Вчера СДСМ демонстрираше анархија и беззаконие преку платени маскирани хулигани со една единствена цел, да го предизвика гневот на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија и да поттикне меѓусебно закрвување и конфликт. Ние знаеме дека тоа им е крајната цел- рече Илија Димовски.
Кандидати од САД, Индија, Мексико, Ирска се пријавиле на првиот уписен рок на објавениот конкурс за постдипломски студии на Институтот за филм - Филмска академија Охрид. Вкупно имало 18 кандидати. 11 ги исполниле условите за прием и тие со студиите ќе почнат од октомври.
Туризмот и гастрономијата потенцијали за унапредување на соработката со францускиот регион Алзас. Интерес има кај компаниите од енергетскиот и ИТ секторот, текстилната и автомобилската и електроиндустријата, агробизнисот и производството на храна.
Белиската полиција на нозе по лажната закана на маж дека ќе се саморазнесе во центарот на Брисел. Откако бил приведен кај него не е пронајден експлозив. Ова предизвика паника во метрополата. Итно беше евакуиран центарот, сообраќајот беше запрен и затворени околните продавници.
За десетина дена почнува втората фаза од проектот „Македонија вработува“. Надлежните очекуваат да резултира со 20 илјади нови работни места. Ќе се опфатат истите пет категории како и во претходната фаза.
Американскиот Сенат ги отфрли барањата за заострена контрола за оружје. Потенцијалните терористи и натаму ќе имаат слободен пристап до него.