Скопскиот, Осоговско - Малешевскиот, Јужновардарскиот и Пелагонскиот регион утре ќе бидат зафатени со температури од портокаловата фаза поради што се препорачува бремените жени и хронично болните лица над 60 години да се ослободат од работни обврски.
Вести
-
Македонија 20.06.2016 14:33
-
Култура 20.06.2016 14:30
Нова премиера на Битолскиот театар
Уште еден режисерски исчекор на костимографот Благоја Мицески на сцената на матичната театарска куќа. Премиерата на претставата „Трагичната љубов на една луда девојка“ работена по јапонскиот автор Јукио Мишима е шестото негово режисерско остварување.
-
Свет 20.06.2016 14:10
Брисел во тревога, шест метро станици се затворени
Влезовите на неколку подземни железнички станици во Брисел се целосно затворени, по налог на белгиската полиција.
Превозот е ограничен на минимален број влезно-излезни точки. Слична мерка беше преземена и во март годинава, непосредно по нападите во белгиската престолнина.
-
Македонија 20.06.2016 13:46
„Протестирам“ најави протест пред СЈО
За во 19 часот пред Специјалното јавно обвинителство се најавени нови демонстрации во организација на иницијативата „Протестирам“.
-
Македонија 20.06.2016 13:13
Собир пред Кривичен суд за поддршка на Талевски
Граѓанското движење за одбрана на Македонија организираше собир пред Кривичниот суд за ослободување на актуелниот битолски градоначалник, кому судот му одреди 30-дневен куќен притвор за случајот „Транспортер“ по побарање на Специјалното јавно обвинителство.
-
Економија 20.06.2016 12:38
На охридскиот аеродром пристигна првиот чартер со 120 туристи од Брисел
120 туристи од Белгија утрото допатуваа на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ со чартер лет од Брисел, преку најголемиот европски тур-оператор „Томас Кук“. По традиција гостите беа дочекани со воден мост во форма на виножито, погача и сол, торта и пијалоци.
-
Економија 20.06.2016 12:22
Падот на вредноста на доларот ја зголеми цената на нафтата
Цената на нафтата порасна на денешните берзански тргувања, како последица на падот на вредност на доларот.
-
Македонија 20.06.2016 12:16
Сончево и многу топло, пад на температурата од среда
Претежно сончево и повторно многу топло време најавуваат метерололозите во наредните денови.
Температурата ќе биде највисока денеска и утре, долж Повардарието до 39 степени, а од среда ќе има пад за два до три степени.
УВ индексот е висок и изнесува 8.
-
Свет 20.06.2016 11:58
Вирџинија Раџи- прва градоначалничка на Рим
Вирџинија Раџи од партијата „Движење пет ѕвезди“ стана првата градоначалничка на Рим. Со победата на вториот круг од локалните избори, евроскептиците си обезбедија сигурни места во Рим и во Торино, но и стабилна платформа за парламентарните избори во 2018 година.
-
Култура 20.06.2016 11:52
Почнува фестивалот на комедијата „Гола Месечина“
Од денеска до 30-ти јуни, Општина Аеродром по трет пат ќе биде домаќин на фестивалот на комедијата „Гола Месечина“.










