Колумбиската армија соопшти дека силите за безбедност на Колумбија конфискувале осум тони кокаин во северозападните делови на земјата, што е најголема заплена на нелегални супстанци во историјата на јужноамериканската држава.
Вести
-
Свет 16.05.2016 11:04
-
Свет 16.05.2016 10:46
Мировна конференција за Сирија и Либија во Виена
Шефовите на дипломатиите на повеќе од 20 земји денеска и утре во Виена ќе разговараат за начините за решавање на кризите во Сирија и Либија, како и за конфликтот во Нагорно Карабах.
-
Македонија 16.05.2016 10:21
Кампања за подигнување на јавната свест за цистична фиброза
Македонското и француското Здружение за цистична фиброза, почнуваат кампања за подигање на јавната свест за оваа болест, како најчесто животно загрозувачка во Европа и во Македонија.
-
Македонија 16.05.2016 10:16
Кампања „Не за нелегални алкохолни пијалоци“
Царинската управа денеска почнува кампања „Не за нелегални алкохолни пијалоци“.
Целта на кампањата е подигнување на свеста на граѓаните и нивно информирање за опасноста од купување на нелегални алкохолни пијалоци, како и спречување на нелојална конкуренција.
-
Свет 16.05.2016 09:59
Советот за безбедност ќе одржи седница за Косово
Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово, на која ќе се разгледува извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун за работата на УНМИК и ситуацијата на Косово во изминатите три месеци.
-
Македонија 16.05.2016 09:56
„Ало докторе“: За една седмица 1.318 повици
Изминатата недела на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ се јавиле 1.318 граѓани. Граѓаните најчесто барале совети за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции, симптомна болка и совети поврзани со хронични белодробни заболувања.
-
Свет 16.05.2016 09:54
Четворица повредени во експлозија во Истанбул
Најмалку четири лица биле повредени доцна синоќа при експлозија во Истанбул. Според медиумите, експлозивната направа била поставена на автомобил паркиран на надвозник во истанбулската област Малтепе.
-
Македонија 16.05.2016 09:49
Почнува кампањата за изборите на 5-ти јуни
Според роковникот на ДИК, денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на петти јуни. Законски тревба да трае до трети јуни, до полноќ.
-
Економија 16.05.2016 09:44
Објавен оглас за закуп на државно земјиште
Вкупно на огласот се понудени скоро еден и пол хектар државно земјиште во Свети Николе и во Ресен.
-
Македонија 16.05.2016 08:13
Сообраќајот без забрани, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.










