Државна делегација предводена од претседателот на Собранието Вељаноски, во Рим беше примена во аудиенција кај папата Франциско.
Вести
-
Македонија 16.05.2016 13:16
-
Македонија 16.05.2016 13:15
Коѕиас: Треба да созреат условите за компромис
„Компромисно решение за спорот со името сѐ уште не е на повидок“, оценува грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас.
-
Економија 16.05.2016 13:10
Бензините поевтинуваат, дизелот со иста цена
Цената на бензините се намалува за половина денар, нема промена кај дизелот и кај екстра лесното масло за домаќинство, мазутот поскапува. Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката за новите цени, што ќе важат од полноќ.
-
Македонија 16.05.2016 13:07
Според роковникот на ДИК, почна изборната кампања
Според роковникот на ДИК, денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на петти јуни. Законски треба да трае до трети јуни до полноќ.
-
Македонија 16.05.2016 13:05
Случај „Ќелија“: Обвинетите признаа вина, пресуда во среда
Обвинетите во случајот „Ќелија“ ја признаа вината. Уште петмина членови на групата поврзана со сириските боишта, ги прифати сите обвиненија што им се ставаат на товар.
-
Свет 16.05.2016 11:04
Во Колумбија запленети рекордни осум тони кокаин
Колумбиската армија соопшти дека силите за безбедност на Колумбија конфискувале осум тони кокаин во северозападните делови на земјата, што е најголема заплена на нелегални супстанци во историјата на јужноамериканската држава.
-
Свет 16.05.2016 10:46
Мировна конференција за Сирија и Либија во Виена
Шефовите на дипломатиите на повеќе од 20 земји денеска и утре во Виена ќе разговараат за начините за решавање на кризите во Сирија и Либија, како и за конфликтот во Нагорно Карабах.
-
Македонија 16.05.2016 10:21
Кампања за подигнување на јавната свест за цистична фиброза
Македонското и француското Здружение за цистична фиброза, почнуваат кампања за подигање на јавната свест за оваа болест, како најчесто животно загрозувачка во Европа и во Македонија.
-
Македонија 16.05.2016 10:16
Кампања „Не за нелегални алкохолни пијалоци“
Царинската управа денеска почнува кампања „Не за нелегални алкохолни пијалоци“.
Целта на кампањата е подигнување на свеста на граѓаните и нивно информирање за опасноста од купување на нелегални алкохолни пијалоци, како и спречување на нелојална конкуренција.
-
Свет 16.05.2016 09:59
Советот за безбедност ќе одржи седница за Косово
Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово, на која ќе се разгледува извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун за работата на УНМИК и ситуацијата на Косово во изминатите три месеци.










