Решението на политичката криза е во рацете на политичарите во Македонија. Добар знак е тоа што има дијалог и ние тоа го поддржуваме, вели германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер.
Вести
-
Македонија 04.05.2016 12:53
-
Свет 04.05.2016 12:23
ЕК пред конечна одлука за укинување на визниот режим за турските државјани
Европската комисија ќе ја соопшти конечната одлука за тоа дали Анкара ги исполнила критериумите за укинување на визата за турските државјани.
-
Свет 04.05.2016 12:15
Прегласување на 15 избирачки места во Србија
На 15 избирчаки места се повторува гласањето за парламентарните избори во Србија. Неизвеснота на прегласувањето се однесува само на листата на Демократската партија на Србија-Двери која остана под изборниот праг.
-
Македонија 04.05.2016 12:14
Бесплатно запишување права на сопственост во 29 катастарски општини
Од речиси 4.050.000 катастарски парцели, за 10- тина насто сѐ уште не е утврдена сопственичката структура. Граѓаните кои се уште немаат имотен лист, може да ја искористат можноста за бесплатно запишување на правата на сопственост.
-
Македонија 04.05.2016 12:07
Хан: Важно е да има избори кои ќе бидат прифатени од меѓународната заедница
„Финалната битка е да има избори во Македонија, кои ќе бидат прифатени од меѓународната заедница“- вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за „Радио Слободна Европа“. Хан е сѐ уште уверен дека договорот од Пржино има иднина.
-
Економија 04.05.2016 11:59
НБРМ ја зголеми каматната стапка на благајничките записи на 4%
Народната банка донесе одлука да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,75 проценти поени, односно од 3,25 на 4 проценти.
-
Свет 04.05.2016 11:47
ООН: Резолуција за заштита на болниците во воените зони
Советот за безбедност на Обединетите нации усвои посебна резолуција за заштита на болниците во воените зони поради зголемениот број напади врз здравствените работници. Само во последните шест месеци биле извршени 94 напади врз здравствените установи во Сирија и во Јемен.
-
Македонија 04.05.2016 10:22
Попоски на конференција за Западен Балкан во Брисел
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел ќе учествува на конференцијата насловена „Европската иднина на Западен Балкан“.
Теми на дискусијата се и доброто владеење, миграциската криза, а ќе се разговара и за релевантни безбедносни прашања.
-
Свет 04.05.2016 10:18
Трамп- претседателски кандидат на Републиканците
Со убедливата победа во американската сојузна држава Индијана и повлекувањето на противкандидатот Тед Круз, Доналд Трамп стана неофицијално претседателски кандидат на Републиканската партија.
-
Македонија 04.05.2016 10:12
Наводнување со системите „капка по капка“ и во оризовите полиња
На две парцели во Чешиново и во Кочани ќе се испитува производството на оризот со системите за наводнување капка по капка. Во рамките на Проектот на експерименталните полиња новата мрежа ќе се постави веднаш по директната сеидба на растенијата.










