Утрешниот ден повторно ќе ни донесе променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните и во северените делови од земјава.
Вести
-
Македонија 03.05.2016 15:21
-
Македонија 03.05.2016 15:20
Бејли:Останувам во контакт со сите лидери на политичките партии
И натаму останувам во директна врска со политичките лидери во земјава за излез од кризата, изјави американскиот амбасадор Бејли, при посетата на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Со ова треба да ѝ помогнеме на Македонија, рече Бејли.
-
Македонија 03.05.2016 15:15
Се одложи рочиштето за двајцата демонстранти
Се одложи рочиштето за двајцата демонстранти, приведени на 13-ти април, за учество во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот за време на протестите.
Штетата се проценува на 880 илјади денари, односно 15 илјади евра.
-
Македонија 03.05.2016 15:08
Студен бран: Најмногу дожд во Куманово, не се очекуваат поголеми проблеми
Меѓу 40 и 50 литри дожд на квадратен метар наврнаа во текот на ноќта. Најмногу дожд наврна во Куманово и во Пожаране. Зголемен е и водостојот на реките низ земјава.
-
Македонија 03.05.2016 14:17
Во пораст бројот на заболени од астма
За четири години е двојно зголемен бројот на амбулантски прегледи на пациенти со симптоми на астма. Според лекарите главно станува збор за алергиска астма, но понекогаш може да е посредувано и од вирусни инфекции.
-
Македонија 03.05.2016 14:09
Едно лице почина, друго е тешко повредено во сообраќајка кај Тетово
Денеска нешто по 12 часот на стариот пат Тетово- Копје кај добарски подвозник автомобил „хјундаи“ загубил контрола, удрил во бетонскиот столб и се превртел, при што М.М (38) од Тетово од здобиените повреди на пат кон тетовската болница починал.
-
Македонија 03.05.2016 13:53
УКИМ ќе додели 240 стипендии во учебната 2016/2017 година
Скопскиот Универзитет седма година по ред во учебната 2016/2017 ќе додели 240 стипендии на најдобро рангираните кандидати при уписот во прв циклус студии.
Одлуката ја донесе Универзитетскиот сенат на 39. седница одржана на 28 април оваа година.
-
Економија 03.05.2016 13:50
Холанѓаните ја отворија туристичката сезона во Охрид
Првата група од 180 холандски туристи со чартер лет претпладнето допатува на охридскиот аеродром. Гостите кои ја отворија годинашната туристичка сезона беа дочекани со воден мост во форма на виножито, традиционална македонска закуска, пијалоци и торта.
-
Економија 03.05.2016 13:36
Повисоки цени на горивата од полноќ
Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ. Дизелот ќе се продава по повисока цена за 3 денари, а литар ќе се точи за 47 денари. Бензинот од 95 октани поскапува за половина денар и новата цена ќе изнесува 62,5 денари.
-
Македонија 03.05.2016 13:33
УХМР: Најмногу дожд наврна во Куманово
Најмногу дожд во текот на ноќта наврна во Куманово, 44 литри на квадратен метар, најмалку во Прилеп, 3 литри.
Забележано е високо ниво на воден талог и во други места во земјава, додека најстудено изутрината беше во Лазарополе со само 1 степен целзиусов.










