Во минатата недела граѓаните најмногу се жалеле на покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергии и убоди од инсекти, јавуваат од „Ало докторе“, телефонска линија за бесплатен медицински совет.
Вести
-
Македонија 03.05.2016 10:20
-
Македонија 03.05.2016 10:18
Трет ден Велигден
Денеска е трет ден Велигден, светол или велигденски вторник, што продолжува да се слави во домовите на православните верници.
Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.
-
Македонија 03.05.2016 10:09
Меѓу 40 и 50 литри дожд на квадратен метар во текот на ноќта
Меѓу 40 и 50 литри дожд на квадратен метар наврнаа во текот на ноќта, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
И денеска се очекува претежно облачно со врнежи од дожд и засилен ветар од северозападен правец.
-
Свет 03.05.2016 09:56
Тепачка во турскиот парламент
Турските пратеници повторно разменија тупаници. Хаосот се случил за време на комисиската расправа за измени во Уставот, со кои се овозможува почнување судски процеси против неколку пратеници од Прокурдската партија по обвинение за тероризам.
-
Економија 03.05.2016 09:52
Зголемен извоз на конзервната индустрија
Преработувачите на зеленчук и овошје лани извезоа скоро 49 илјади тони готови производи, во вредност од 55 милиони евра, што е за 3 проценти повеќе од претходната година.
-
Македонија 03.05.2016 08:13
Сообраќајот по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.
-
Македонија 03.05.2016 08:11
Министерот Јолевски во официјална посета на Унгарија
Делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот Зоран Јолевски денеска е во официјална посета на Унгарија.
-
Економија 03.05.2016 08:05
Прва група холандски туристи во Охрид
На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ денеска се очекува да пристигне првата група туристи од Холандија во Охрид за летната сезона 2016 година.
-
Култура 02.05.2016 19:03
„Гардијан“ со највисоки пет ѕвезди за најновиот компакт диск на пијанистот Симон Трпчески
Нашиот прославен пијанист Симон Трпчески продолжува да ги воодушевува и публиката, но и критиката.
-
Македонија 02.05.2016 17:05
Нема ново писмо од Хан до политичките лидери
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, не испратил писмо до политичките лидери во земјава– соопшти Европската комисија.










