Вести

  • Свет 15.04.2016 16:40

    „Скенер 2“: Заради корупција во Србија уапсени 49 лица

    Во повеќе градови во Србија во екот на предизборната кампања, денеска се одвиваше голема полициска акција наречена „Скенер 2“ во која се уапсени 49 лица осомничени за корупција и злоупотреба на службената положба во државните органи.

  • Македонија 15.04.2016 16:29

    Заев: СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори

    СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори, какви што ќе бидат тие на 5-ти јуни, ниту такви избори ќе дозволи, можни се само регуларни избори, со пречистен избирачки список и медиумски реформи, рекол претседателот на Социјал-демократите Зоран Заев на средбата со амбасадорот на Холандија, Ваутер

  • Култура 15.04.2016 16:12

    Шекспировите „Сонети“ премиерно во Битолскиот театар

    Од мотивите на Сонетите на големиот Шекспир до претстава на две независни режисерски видувања вклопени во една целина.

  • Македонија 15.04.2016 15:53

    Започнува мониторингот на медиумското известување за изборите

    Стартува мониторингот на медиумското известување за предвремените парламентарни избори. Тим од 20 членови од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, 24 часа ќе ја следат програмата на националните телевизии и радија, но не и на интернет страниците.

  • Свет 15.04.2016 15:39

    Србија: Во акцијата „Скенер 2“ приведени 49 лица

    Во полициската акција „Скенер 2“, во Србија  се приведени  49 лица осомничени за мито и корупција, перење пари и други видови стопански криминал. Сите осомничени го оштетиле буџетот на Србија за 7,6 милиони евра во периодот од 2007-ма година до денес.

  • Македонија 15.04.2016 15:34

    Орав: Да не се дозволи ескалација на кризата

    Европската унија апелира до сите политички актери да не дозволат ескалација на кризата, бидејќи тоа ќе ја оддалечи земјава од евро-атлантските интеграции. Евроамбасадорот Авио Орав повторно ги повика политичарите да се вратат на преговарачка маса.

  • Економија 15.04.2016 15:24

    Во Охрид започна четвртиот „Кодфест“

    Континуираната работа е најбитната алка во синџирот која води кон успехот. Ова на своите помлади колеги на отворањето на „Кодфест“ им го порача Благој Трајковски кој работи како инженер за траспортни мрежи во Гугл од Даблин, Република Ирска.

  • Македонија 15.04.2016 15:16

    Отворен ден на УКИМ, средношколците се запознаа со студиските програми

    Средношколците пред одлука за својата кариера. Дел од нив веќе се решиле за  професијата  која сакаат да ја учат, други се уште се двоумат. На штандови во кампусот на универзитеот „Свети Кирил и Методиј“, средношколците можеа да се запознаат со  студиските програми на факултетите.

  • Македонија 15.04.2016 15:02

    „Чаушот“ седна на обвинителна клупа

    Не ги виделе доказите, па побараа одложување на судскиот процес за да можат да состават одбрана. Зекир Бекири, викан Чауш и неговиот брат Имер седнаа на обвинителна клупа. Им се суди за случајот Фабрика за афери, односно за печатење лажни лични карти, пасоши и други документи.

  • Македонија 15.04.2016 14:52

    Пет полицајци повредени во вчерашните протести

    Пет униформирани полициски службеници се повредени во вчерашните протести во Скопје. Укажана им е лекарска помош во ГОБ - Св. „Наум Охридски“ каде што им се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување, соопшти денеска МВР.

Pages