Вести

  • Македонија 10.03.2016 13:27

    Иванов: Неопходно е повеќе да се почитуваме

    Неопходно е многу повеќе да се познаваме и почитуваме меѓусебе. Сѐ што се случува на Блискиот Исток е директно поврзано со се што се случува и на Кавказ и на Балканот- рече претседателот Иванов во обраќањето на пленарната сесија на Глобалниот форум во Баку.

  • Македонија 10.03.2016 13:18

    Пристапување кон ЕУ од родова перспектива

    Потребни се 40 години домашните обврски рамноправно да се поделат помеѓу мажите и жените, а 70 години да биде еднаква платата за иста работа. Според надлежните, овие проекции се предизвик за дефинирање на новите идеи за надминување на разликите.

  • Македонија 10.03.2016 13:15

    ЕП ја усвои Резолуцијата за Македонија

    Со 404 гласови „за“, 76 „против“ и 29 „воздржани“ од присутните 509 европратеници, Европскиот парламент попладнево ја усвои со широко мнозинство Резолуцијата за Македонија предложена од европратеникот Иво Вајгл, јави дописникот од Стразбур за МРТ.

  • Свет 10.03.2016 13:09

    Меркел: Затворањето на балканската рута нема да го реши проблемот

    Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека затворањето на рутата што ја користат мигрантите низ Западен Балкан нема да го реши проблемот, оценувајќи дека овој потег не бил одржлив.

  • Македонија 10.03.2016 13:06

    Повеќе од 72 часа нема влез на мигранти

    Затворањето на балканската рута го запре патот на бегалците кон Европа. Во транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија повеќе од 72 часа нема влез за нови мигранти.

  • Македонија 10.03.2016 12:48

    Димитриев на средба со членовите на ДИК

    Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска ќе одржи средба со членовите на Државната изборна комисија.

    Средбата ќе се одржи во просториите на Владата на Република Македонија во 14:00 часот.

  • Македонија 10.03.2016 12:39

    Ванхауте: Моментно нема можност да продолжат средбите за медиумите

    Моментно не е возможно да продолжат средбите за медиумите во форматот во кој досега се одвиваа преговорите, каде се обидувавме да постигнеме консензус по различните предлог- амандмани, соопшти белгискиот посредник, Питер Ванхауте, во пишана изјава до медиумите.

  • Свет 10.03.2016 12:34

    Престрелка во Пенсилванија, најмалку пет жртви

    Најмалку пет лица се убиени, а неколкумина се повредени при престрелка во американската држава Пенсилванија. Четири жени и еден маж биле застрелани од непознати напаѓачи во кварт во Вилкинсбург.

  • Економија 10.03.2016 12:09

    Нова авио линија Скопје- Доха

    Реномираната авио компанија „Катар ервејс“ одлучи да воведе директна авио линија меѓу двете метополи Скопје и  Доха.

  • Свет 10.03.2016 11:55

    ФАО: 34 земји немаат доволно храна за населението

    Вкупно 34 земји во светот, од кои 80 проценти се од Африка, немаат доволно храна за населението поради конфликти, суша и поплави, се наведува во објавениот извештај на организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Pages