Фондот за здравствено осигурување на Македонија одобри средства за лекување во странство за осигуреното лице Х.С, информираат од ФЗОМ.
Оттаму додават дека за ова лице имаше апели за лекување во странство.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија одобри средства за лекување во странство за осигуреното лице Х.С, информираат од ФЗОМ.
Оттаму додават дека за ова лице имаше апели за лекување во странство.
„Бесплатна ласерска корекција на диоптрија за студентите кои имаат проблем со видот, а се од семејства чиј годишен нето приход е до 115.000 денари, бесплатни леќи, за средношколци и студенти од 14 до 26 годишна возраст“ - лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски промовира нов-сет мерки за младите.
„Ова е година на промените, а промените ги носите вие жените“ - порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев од осмо- мартовскиот марш во Струмица. Вели дека сега се води битка за Македонија која треба да доведе до земја со подобра иднина.
Отпуштените од транзитниот прифатен центар „Винојуг“ денеска протестираа пред кампот. Не добија одговор- зошто не е најдено решение за да бидат вратени на работа. Велат, без причина биле тргнати од работните места. Им било понудено да бидат вработени само 15 луѓе.
Мажите и натаму се нервираат кога ќе видат жена зад воланот. Искуството покажува дека овие стереотипи се неоправдани, затоа што жените ретко возат побрзо од дозволеното, носат сигурносен појас, ги почитуваат собраќајните прописи, покажува статистичката казнена евиденција.
Жените се доволно храбри и самоуверени да почнат бизнис, но проблем е недоволната едукација за успешно раководење и ширење на бизнисот. Третина од почетниците во бизнисот се од понежниот пол, но најчесто почнуваат во микро- сегментот со еден до двајца вработени.
Од грчка страна за влез чекаат над 13 илјади мигранти. Нема влез за нови бегалци во земјава. Во транзитниот центар има само 10-ина лица. Мирен протест одржаа хигиеничарите кои беа отпушетени од Министерството за труд и социјала.
Нови сведоци на обвинителството беа сослушани на рочиштето за случајот „Диво насеље“. Двајца од нив, рекоа дека сосед им бил Фадиљ Фејзулаху чија куќа, како што стои во обвинителниот акт, била упориште на терористичката група.
На пазар во центарот на Москва, од кој денеска беа евакуирани повеќе од 2.000 луѓе поради анонимна дојава за бомба, не била пронајдена експлозивна направа, соопштија полицијата.
По барање на Специјалното јавно обвинителство било дадено налог за претрес во скопско Батинци кај лице осомничено во акцијата „Титаник“.
Од Специјалното јавно обвинителство за МТВ потврдија дека е извршен претрес за прибирање материјални докази, апсење немало.