Претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов, во колумна објавена во британскиот весник „Телеграф“, вели дека Македонија е соочена со директен удар од мигрантската криза, која предизвикува низа безбедносни, социјални и општествени предизвици за целиот европски континент.
Вести
-
Македонија 07.03.2016 12:53
-
Економија 07.03.2016 12:47
Поскапуваат горивата- бензинот за 3, дизелот за 2,5 денари
Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата – соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Бензините ќе имаат повисоки цени за 3 денари. Литар Еуросупер 95 ќе се продава за 58 денари, цената на 98 октанскиот изнесува 60 денари.
-
Македонија 07.03.2016 12:06
Одложена посетата на Зарацин, специјалниот претставник на СЕ Бочек во посета на јужната граница
Одложена е најавената посета на пратеникот во германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа, Мануел Зарацин, на Македонија. Причина според Амбасадата на Германија биле неповолните временски услови на аеродромот „Александар Велики“.
-
Свет 07.03.2016 12:02
Северна Кореја: Превентивен напад доколку се спроведат вежбите
Северна Кореја се закани со „превентивен нуклеарен удар на правдата“ против Јужна Кореја и САД доколку ги спроведат денешните планирани заеднички воени вежби.
-
Македонија 07.03.2016 11:57
МВР: За 24 часа издадени 375 потврди за азил
Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 375 странски државјани, од кои 115 од машки и 91 од женски пол, како и на 168 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште едно дете кои патува без придружба на
-
Македонија 07.03.2016 11:08
Отворен ден на Управата за имотно-правни работи во Неготино
Управата за имотно правни работи денеска организира Отворен ден во Неготино.
Жителите на оваа општина ќе можат да се консултираат и информираат за своите имотно-правни проблеми.
-
Свет 07.03.2016 10:58
САД градат две воено-воздухопловни бази во северна Сирија
САД речиси ја завршија изградбата на воено-воздухопловна база во северна Сирија, на територијата под конторола на Курдите и напредуваат со изградбата на втора база за двојна употреба, цивилна и воена.
-
Македонија 07.03.2016 10:55
Попоски на состанокот на Пан Европската Унија во Стразбур
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска ќе има обраќање на состанокот на Работната група на Европската народна партија (ЕПП) во Пан Европската Унија, во Европскиот парламент во Стразбур.
-
Свет 07.03.2016 10:44
Виена: 20 тони помош за мигрантите во Грција
На почетокот на неделата Aвстрија ќе испрати 20 тони помош за Грција, со цел полесно да се избори со мигрантската криза, најави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер.
-
Економија 07.03.2016 10:42
ХЕЦ „Шпилје“: За два месеца произведени над 51 милион киловат часови електрична енергија
ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар, во првите два месеца од 2016-та, испорача над 51 милион киловат часови електрична енергија, што претставува 19 насто од вкупно планираното производство за годинава.










