Вкупните девизни резерви на крајот на февруари достигнаа ниво од 2,2 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка. За еден месец, девизните резерви се зголемени за 6,5 милиони евра.
Вести
-
Економија 08.03.2016 14:46
-
Македонија 08.03.2016 14:43
Метео: Утре променливо време, попладне нов влажен бран
Утрешниот ден во Македонија ќе почне со променливо облачно време и сончеви периоди.
Попладне и во текот на ноќта кон четврток под влијание на нов влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, на места поинтензивни.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 08.03.2016 14:41
8-ми Март: Потсетување на женските права и повод за мало внимание
Додека за некои празникот е провокација за потсетување на женските права и амбиции за напредок, за други добар повод за мало внимание. Мажите остануваат верни на традицијата- цвет и убав збор за да го направат овој ден посебен.
-
Свет 08.03.2016 14:26
Србија: Вонредна состојба во 15 општини поради поплавите
По излевање на реките од обилните дождови каде наврнаа и до 80 литри вода на метар квадратен, денес вонредната состојба е проширена на 15 општини или во цела западна Србија и Шумадија.
-
Македонија 08.03.2016 14:22
Жената- фактор за поголема безбедност во сообраќајот
Под мотото „Жената како фактор за поголема безбедност во сообраќајот“ Републичкиот совет за безбденост во сообраќајот одржа трибина.
Според нив, жените се добри возачи и ги почитуваат сообраќајните знаци, сѐ друго се стереотипи.
-
Македонија 08.03.2016 14:11
Речиси 90.000 потврди за азил издадени од почетокот на годината
Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 132 странски државјани, од кои 34 од машки и 33 од женски пол, како и на 65 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, соопшти МВР.
-
Македонија 08.03.2016 14:06
Родова еднаквост: Планета 50-50 до 2030 година
40 проценти од жените се жртви на семејно насилство во некој период од животот. Во 2014-та се регистрирани 4.482 случаи на насилство врз жените што претставува зголемување за 33 проценти во споредба со 2013-та.
-
Свет 08.03.2016 13:57
Поплави и во Босна и Херцеговина
Освен со Србија, поплави и во Босна и Херцеговина. Реката Дрина се излеа во градот Бјелина, но засега не претставува опасност за жителите. Зголемен е и водостојот на реката Сава кај местото Орбица, каде што се поплавени дестетина објеки и станбени куќи.
-
Македонија 08.03.2016 13:51
Бегалска криза: Мирно на јужната македонска граница
Состојбата на јужната граница е мирна. Од грчка страна за влез чекаат над 13 илјади мигранти. Нема влез за нови бегалци во земјава. Во Транзитниот центар има само 10-тина лица.
Мирен протест одржаа хигиеничарите кои беа отпушетени од Министерството за труд и социјала.
-
Свет 08.03.2016 13:47
ЕУ и Турција блиску до договор за намалување на миграцискиот бран
Европската Унија и Турција ги утврдија основите на можниот договор за намалување на миграцискиот бран кон Европа, кој би требало да биде усвоен на самитот најавен за на 17-ти март, и истите се оценети како постигнат напредок во спроведувањето на заедничкиот акциски план.









