Нов центар за трансплантација, да или не? Поделени ставовите меѓу фелата. Од Министерство за здравство велат дека со неговото формирање ќе може да се прават трансплантации кои досега не се извршувале кај нас.
Вести
-
Македонија 18.02.2016 16:11
-
Култура 18.02.2016 15:33
Универзалната сала ќе се реконструира
Нема да се гради нова Универзална сала, која според првичниот проект требаше да биде во облик на јајце. Причина е високата цена од околу 60 милиони евра кои ги побарала проектантската куќа. Сега е во план да се направи реконструкција и надградба на веќе постојниот објект.
-
Македонија 18.02.2016 15:10
Метео: Утре попладне намалување на облачноста
Утре во Македонија претпладне сеуште на места ќе има слаби локални врнежи од дожд, во текот на денот ќе настапи престанок на врнежите и намалување на облачноста со што се очекуваат подолги сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен западен ветер.
-
Свет 18.02.2016 14:44
Сирискиот режим одговорен за нападот во Анкара
Турскиот премиер Давутоглу изјави дека сирискиот режим директно е одговорен за нападот во Aнкара во кој загинаа 28 лица, а 60 беа повредени. Тој истакна дека 26 од загинатите се војници, како и дека поради инцидентот се уапсени деветмина.
-
Економија 18.02.2016 14:26
Владата ќе ги финансира Злетово и Тораница до нивната продажба
Владата ќе го финансира одржувањето на двата рудника, Злетово и Тораница, се до нивната продажба и рестартирање.
-
Свет 18.02.2016 14:06
Гана: 53 загинати во судир на автобус и камион
Најмалку 53 лица загинаа во директен судир меѓу автобус и камион во Гана. Тоа е една од најтешките сообраќајни несреќи во земјата во последните години, соопшти полицијата.
Несреќата се случила во текот на ноќта на околу 400 километри северно од престолнината Акра.
-
Свет 18.02.2016 13:34
Пакистан: Најмалку 9 полицајци убиени во напади на талибанците
Во два одвоени напади во племенска област во северозападниот дел на Пакистан се убиени најмалку девет припадници на безбедносните сили.
-
Македонија 18.02.2016 13:08
Димитриев: Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите партии
Сите партии го потпишаа договорот, датумот за изборите е законски дефиниран и тој е дел од договорот, изјави претседателот на владата за спроведување на предвремените собраниски избори, Емил Димитриев.
-
Македонија 18.02.2016 13:03
Иванов: Македонија нема да ги затвори границите, се залагеме за сеопфатно решение на бегалската криза
Нашиот став е дека Македонија не може да биде надворешната граница на Европската Унија, ние не можеме да ги замениме сите активности кои се обврска на Унијата, но ќе продолжиме да спроведуваме сѐ што е во рамките на целокупното европско решение- ова е пораката што претседателот Ѓорге Иванов им ја
-
Македонија 18.02.2016 12:52
Спроведување на реформите за фер и демократски избори
Ве потикнуваме да ги спроведете сите реформи и да се организираат фер и демократски избори.










