Полициите на Хрватска, Австрија, Словенија, Србија и на Македонија во Загреб се договорија на Македонско-грчката граница да се врши контрола и регистрација на мигрантите кои потоа организирано ќе се превезуваат од држава до држава, со крајна дестинација Австрија и Германија.
Вести
-
Македонија 19.02.2016 13:05
-
Македонија 19.02.2016 12:53
Почина родилка во Прилеп, од болницата тврдат преземени сите потребни мерки
Во прилепската општата болница, ноќеска околу два часот по полноќ, при породување починала родилка. Новороденчето, кое е од машки пол е живо.
Директорот на болницата Петар Ристевски рече дека навреме биле преземени сите потребни мерки за да се спаси животот на 21-годишната родилка.
-
Македонија 19.02.2016 12:39
За 24 часа издадени 1.212 потврди за азил
Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.212 странски државјани, од кои 493 од машки и 269 од женски пол, како и на 439 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 11 деца кои патувале без родител, сооп
-
Македонија 19.02.2016 12:35
Нова средба на работните групи за медиумите
Нема договор на работните групи за медиумите. Белгискиот посредник Питер Ванхауте доцна синоќа изјави дека ситуацијата во моментот е блокирана. Одговорноста ја лоцираше кај 4-те политички партии.
-
Македонија 19.02.2016 12:31
Расте бројот на заболени од грип, најмногу во Скопје
Расте бројот на заболени од грип. Во периодот од 8-ми до 14-ти февруари во државава од 30 извештајни единици се пријавени 4.230 случаи на грип или заболувања слични на грип, што е зголемување за 35 насто во однос на минатата недела, информираат од Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 19.02.2016 11:46
Шест лица повредени во сообраќајна несреќа
Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат Тетово - Јажинце на мостот на Вратничка Река.
Причинета е материјална штета од 100 илјади денари, информираат од СВР Тетово.
-
Култура 19.02.2016 11:23
Изложба на графики од Пикасо во галеријата на МКЦ
Во галеријата на Младинскиот културен центар од денеска до 16-ти март ќе биде поставена ексклузивна изложба на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо.
Ќе бидат претставени 46 графички дела - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, од периодот 1932 - 1969 година.
-
Свет 19.02.2016 11:05
Сеул и Вашингтон планираат најголеми вежби досега
Јужнокорејското министерство за одбрана соопшти дека претстојните годишни воени вежби на Јужна Кореја и на САД ќе бидат најголеми досега.
Тоа е знак на зголемените тензии со Северна Кореја која неодамна изведе нуклеарни и тестови на балистички проектили.
-
Македонија 19.02.2016 11:01
Откриена нелегална продажба на алкохол и енергетски пијалоци во Прилеп
Инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа открија случај на неовластена продажба на алкохолни и енергетски пијалоци, при што е запленета поголема количина од споменатата, но и друга разна стока.
-
Свет 19.02.2016 10:52
ЕУ вети засилена борба против тероризмот по нападот во Анкара
Земјите од ЕУ ветија дека ќе ги зголемат напорите во борбата против тероризмот по терористичкиот напад во турската престолнина Анкара.










