Виртуелната комуникација и социјалните мрежи ни го олеснија живеењето, но го зголемија ризикот од злоупотреба на личните податоци. Граѓаните сѐ почесто се жалат дека им се краде идентитетот, нивното име се користи за креирање лажни профили, се нарушува приватноста.
Вести
-
Македонија 28.01.2016 16:20
-
Македонија 28.01.2016 15:32
Метео: Утре утринска магла по котлините, продолжува периодот на сончево време
Продолжува периодот на сончево време со мала облачност.
Утре повторно ќе има услови за појава на утринска магла по котлините, а ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер особено попладне долж Повардарието.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 28.01.2016 15:19
Промовиран проект за надворешна контрола на работата на полицијата
Постоењето на независен и ефикасен систем за жалби ќе претставува коректив на работата на полицијата и ќе влијае на зголемување на ефикасноста и одговорноста на полициската служба, тврди ресорниот министер Спасовски.
-
Македонија 28.01.2016 15:03
Делегација на ПССЕ во февруари во Македонија
Пред Комисијата имаа можност да се обратат двата члена од македонската собраниска делегација при ПССЕ, пратениците Александар Николоски од ВМРО - ДПМНЕ и Рената Тренеска Дескоска од СДСМ, додека Ермира Мехмети од ДУИ, која поради други обврски веќе не е во Стразбур, ја пропушти можноста да ги пре
-
Македонија 28.01.2016 14:42
Иванов: И во следните години ќе бидеме окупирани со мигрантската криза
И во наредните години и децении ќе бидеме окупирани со мигрантската криза, изјави претседателот Ѓорге Иванов во рим каде што во имаше средби со неговиот домаќин италијанскиот шеф на државата Серџо Матарела, но и со бугарскиот Росен Плевнелиев.
-
Македонија 28.01.2016 14:25
Дебата за заедничко родителство по развод
Децата се жртви по разводот на родителите. Немаат обострана љубов, ниту можност да растат со компромисно решение за своите проблеми и предизвици во животот.
-
Економија 28.01.2016 13:48
НБРМ: Раст на кредитирањето на претпријатијата
Раст на кредитирањето на претпријатијата е забележано на пазарот во ноември 2015 година. Во последниот извештај на НБРМ се наведува дека вкупните кредити во ноември се повисоки за 7,9 отсто што е над проекцијата во октомври за четвртиот квартал од 7,7 отсто.
-
Свет 28.01.2016 13:38
Нова несреќа во Егејско море, загинаа најмалку 12 мигранти
Најмалку 12-мина бегалци загинаа, меѓунив осум деца откако чамецот со кој се превезувале се превртел во близина на островот Самос. Грчката крајбрежна стража и претставници на Фронтекс се во потрага по евентуално преживеани.
-
Свет 28.01.2016 13:29
Париз: Евакуирани пет гимназии поради дојава за бомба
Евакуација во пет париски гимназии поради дојава за поставена бомба. Непознат маж изутрината се заканил дека вооружени мажи со калашњикови и со бомби во пет гимназии ќе предизвикаат масакр, јавија француските медиуми.
-
Свет 28.01.2016 13:19
Штрајк на грчките новинари
Штрајкови во Грција. По адвокатите, лекарите и морнарите, денеска во 24-часовен штрајк стапија и новинарите.
Медиумите нема да објавуваат вести, а весниците нема да се печатат.










