Силна и професионална полиција по европски стандарди, почитување на правата на граѓаните - ова се дел од стратешките цели во Стратегијата за развој на полицијата. Фокусот е на зајакнување на граничниот дел и борбата против криминалот со современи истражни методи.
Вести
-
Македонија 27.01.2016 14:07
-
Македонија 27.01.2016 13:18
Суспендирани одлуките за разрешување 15 директори
Управниот суд донесе привремена мерка за суспендирање на одлуката на техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, за разрешување на 15 директори на Центрите за социјална работа и јавните установи.
По одлуката, сите директори ќе бидат вратени на работа.
-
Свет 27.01.2016 13:12
Шестмина загинати при потонување на чамец со имигранти кај Кос
Најмалку шест лица загинаа утрово при потонување на чамец со имигранти северно од грчкиот остров Кос во Егејското Море, објави атинската телевизија Антена.
Истиот извор наведува дека спасувачките екипи досега пронашле тела на тројца мажи, две жени и едно бебе.
-
Македонија 27.01.2016 13:12
Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот
Скопје денеска повторно се потсети на ужасите од депортацијата на 7.144 -те евреи во логорот Треблинка. Најблиските повторно се присетуваат на најдрагите, чии животи за момент згаснаа.
-
Македонија 27.01.2016 13:12
Иванов: Со меѓурелигиски дијалог против радикализацијата и екстремизмот
Претседателот Иванов е во работна посета на Италијанската република. Учествува на 7-миот состанок на високо ниво во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“ и италијанското Друштво за меѓународни организации, што се одржува во Рим.
-
Македонија 27.01.2016 12:49
Метео: Утре потопло со мала облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност.
Во утринските часови можна е појава на магла по одделни котлини која што во текот на денот ќе се повлече.
Дневната температура ќе достигне до максимални 18 степени.
-
Култура 27.01.2016 12:46
„Јов“ премиерно во Драмски театар
„Јов“ е обид да се види до каде се денес границите на трпението и на поднесувањето страдања кај човекот и човештвото воопшто. Мојот „Јов“ е денешен Јов. Тој упорно трпи и страда, зашто верува во Бога.
-
Македонија 27.01.2016 12:41
Грчки медиуми: Европската Комисија наместо Грција ја поддржа Македонија
Бура од реакции во грчката јавност предизвикуваат се погласните најави од Европската Унија за зајакнување на македонско-грчката граница со цел сопирање на протокот на мигранти што доаѓа од кај јужниот сосед, јавува дописникот на МРТ од Атина.
-
Македонија 27.01.2016 12:37
Eвропратеници на Златна Зора се обидоа да направат скандал на промоцијата на „Групата на пријатели на Македонија“
Претставницте на ултра десничарската Златна Зора синоќа упаднаа на церемонијата по повод инагуирање на наеформалната група во ЕП „Пријатели на Македонија“, обидувајќи се по секоја цена да направат скандал.
-
Економија 27.01.2016 12:10
Расте кредитирањето и на компаниите и на граѓаните
Банките лани им одобриле на приватните фирми 395,4 милиони евра кредити, што е за 9,5% повеќе во однос на претходната година, покажуваат најновите податоци што ги објави Централната банка.










