Претседателката на Aнтикорупциска, Татјана Димитровска на распит во Кривичниот суд за случајот „Aдитив“. Истрагата е проширена со нови тројца осомничени. Се бараат мерки на претпазливост.
Известува Анита Димитријевска- Велковска
Претседателката на Aнтикорупциска, Татјана Димитровска на распит во Кривичниот суд за случајот „Aдитив“. Истрагата е проширена со нови тројца осомничени. Се бараат мерки на претпазливост.
Известува Анита Димитријевска- Велковска
Процесот на рехабилитација на пациентите повредени од несреќата во Кочани, ќе биде долг. Кај некои ќе трае од два до три месеца, но кај потешко повредените ќе се одвива и со години и нема да биде лесен. Надлежните ветуваат најдобра можна рехабилитација.
Според лидерот на Алијанса за Албанците единствено за тоа може да одлучи тој што ја формира владата. Таравари потврди дека разговарал со премиерот, но не открива детали. Тет-а-тет средбата Мицкоски-Таравари се најавува по 1-ви мај.
Ден на сеќавање на холокаустот, кога Израел и Евреите им оддаваат почит на 6 милионите жртви за време на Втората светска војна. Претседателот на еврејската заедница вели, сè уште не е научена лекцијата од Втората светска војна.
Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(62), С.Д.(23) и Д.А.(30), сите од Куманово.
Околу 3.000 културни работници од 120 институции ја добија мартовската плата согласно колективниот договор. Социјалниот дијалог со синдикатот ќе продолжи до изнаоѓање долгорочно решение за стабилност на културните институции – уверува Министерството за култура и туризам.
Постапувајќи по кривичната пријава, предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 49 лица.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 49 лица и тоа: С.М. (58) од Скопје (поранешна вработена во Универзитетската клиника за уво, нос и грло Скопје), Г.К.Б.
Навршија 40 дена од трагедијата во Кочани. Повредените во пожарот закрепнуваат. 44 пациенти сè уште се во странство, но, процесот на рехабилитација нема да биде лесен.
Елена Георгиевска известува.
Денешната седница во Собранието е резервирана за пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Известува Марина Стојанова-Тонева.