Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори.
-
Македонија 02.02.2025 11:02
-
Македонија 02.02.2025 10:17
„Кој е следен?“ – Нов протест денеска на „Партизанска“ каде загина Фросина
Денеска во 17 часот на булеварот „Партизански одреди“, кај Универзална сала во Скопје, ќе се одржи протест во знак на револт за смртта на младата Фросина Кулакова.
-
Македонија 02.02.2025 09:57
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Намалена видливост до 100 м. поради појава на магла има кај Неготино, Демир Капија, Охрид, Сарамзалино, Делчево и патниот правец Катланово – Велес.
-
Македонија 02.02.2025 08:37
Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
-
Македонија 01.02.2025 18:05
Една недела гори градска депонија во Прилеп
Една недела гори прилепската градска депонија кај Алинци. Со денови гаснат комуналците, пожарникарите, а напомош се и фирмите. Но, досега, сето е сведено на жаришта кои сè уште тлеат. Од прилепски „Комуналец“ велат дека намерно се пали.
-
Македонија 01.02.2025 17:15
Граѓаните во Скопје и денеска запалија свеќи за Фросина Кулакова
Со грутка во грлото беше секој пешак кој поминуваше покрај Универзална. Сè уште присутни тага и неверување дека еден млад живот пред неколку дена згасна, токму на ова место. Пред сликата на младата Фросина се оставаа списанија за мода, срциња и цвеќе.
-
Македонија 01.02.2025 16:52
Струмичани со марш против загадениот воздух
Струмичани со протестен марш го изразија својот револт што институциите не го решаваат проблемот со загадениот воздух. Со години Струмица е меѓу најзагадените градови во земјава. Досега никој не е казнет, а граѓаните се трујат.
-
Македонија 01.02.2025 16:24
Потребни се нови стратегии за решавање на проблемите во сообраќајот
Една од причините за честите сообраќајни несреќи, во поголемите градови се сообраќајниците кои се проектирани во минатото, наменети за помалку возила. Урбаните средини забрзано растат и се пренаселени, обемот на возила е зголемен повеќекратно.
-
Македонија 01.02.2025 15:14
Симулациска вежба на МВР на автопатот Петровец – Скопје кај клучка Кадино
Автобусот и комбето зад мене на автопатот кај клучката Кадино се неми сведоци за сообраќајната несреќа која утринава се случи на ова место.
-
Македонија 01.02.2025 14:05
Мицкоски: Се изгради зграда за социјално ранливите семејства во Општина Кочани
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од настанот на пуштање во употреба на новите социјални станови, за кои додели клучеви на едно семејство и еден корисник.










