Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 10.08.2026 08:34
-
Македонија 10.08.2026 08:18
Сончево и многу топло со температури до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 09.08.2026 19:35
„Силно светнал ден“ вечерва во Охрид: Музичко-сценски спектакл за 35 години независност
Вечерва од Охрид започнува големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност.
-
Македонија 09.08.2026 18:51
Доделена светската награда за хуманизам во Охрид
Охрид денеска средиште на хуманистичката мисла. На празникот на патронот на градот Свети Климент Охридски, се одбележаа 20 години од доделувањето на Светската награда за хуманизам, а годинава таа му припадна на австрискиот проф. д-р Кристоф Бенедиктер.
-
Македонија 09.08.2026 18:23
Се подобрува состојбата на 28-годишниот скопјанец повреден на тобоган во Турција
Се подобрува состојбата на 28-годишниот скопјанец кој на летување во Кушадаси, го повреди р’бетниот мозок при пад од тобоган.
-
Македонија 09.08.2026 17:39
Водата во Гостивар се подобрува, но сè уште не е за пиење – партиите продолжуваат со обвинувања
Според последните резултати, квалитетот на водата во Гостивар се подобрува, но и понатаму не е безбедна за пиење. Од Кризниот штаб велат дека хлорирањето продолжува. Во меѓувреме продолжува и доставувањето на питка вода за пиење од Владата и од општествено одговорните компании.
-
Македонија 09.08.2026 17:10
Македонија во портокалова фаза, расте опасноста од пожари
Македонија во портокалова фаза. Живата во термометарот се искачи над четириесеттиот степен, а со тоа се зголеми и опасноста од пожари. 750 интервенции со огнени стихии бележат од Противпожарната бригада досега.
-
Македонија 09.08.2026 16:38
Водата во Куманово безбедна за пиење
Здравствено исправна и безбедна за секојдневна употреба и пиење, е водата од јавниот водовод во Куманово. Центарот за јавно здравје, јавното претпријатие „Водовод“ и фабриката за преработка на вода, континуирано вршат испитувања.
-
Македонија 09.08.2026 15:27
Јулскиот силен ветар во Струмичко предизвика штети кај илјада земјоделци
Невремето со силен ветар од минатиот месец предизвика штети на околу илјада земјоделци во струмичко. Тие ги поднесоа своите барања за процена на штети и можно обесштетување. Во наредниот период општинските комисии ќе ја утврдуваат висината на штетите согласно утврдената методологија.
-
Македонија 09.08.2026 14:15
Детските амбуланти полни, педијатрите апелираат на внимателност
Високите температури, изложеноста на сонце, престојот во вода, промените во исхраната и патувањата, можат да доведат до различни здравствени проблеми кај најмладите.










