Попладнево полициски екипи извршиле претреси на локации поврзани со судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд во Скопје.
-
Македонија 18.01.2026 18:27
-
Македонија 18.01.2026 18:16
Андоновски: Државата постепено ќе се дигитализира
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, беше гостин во неделното интервју на РСЕ, каде говореше за конкретните чекори за целосно електронски услуги, за состојбата во институциите и за имплементацијата на новиот закон за сајбер-безбедност.
-
Македонија 18.01.2026 17:00
Политички обвинувања за случајот со клиниката „Жан Митрев“
Тврдењето на кардиохирургот Митрев за притисоците од страна на експремиерот Заев, и поранешниот министер за здравство Филипче, а со цел одземање на приватната клиника, треба да бидат предмет на постапување на Јавно обвинителство по допрен глас-вели премиерот Мицкоски.
-
Македонија 18.01.2026 16:08
Пациент почина од грип, зголемен број хоспитализирани
Грипот ја зема и втората жртва во земјава. На Инфективната клиника почина 69 годишен маж. Пациентот бил со коморбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група рече директорот Цана.
-
Македонија 18.01.2026 15:03
ЕУ воведува строги правила против загадувањето
Додека кај нас температурите се зимски, светот повторно гори. Илјадници хектари шума изгореа во Австралија и Аргентина, а екстремните горештини уште еднаш ја вратија темата за климатските промени на врвот на глобалната агенда.
-
Македонија 18.01.2026 13:17
Обичаи и верувања за Богојавление-Водици
Ден пред големиот христијански празник Богојавление-Водици. Традиционално и годинава ќе се освети водата, за која се верува дека е лековита и чудотворна. Точно на полноќ верниците замислуваат желба.
-
Македонија 18.01.2026 12:40
Грипот ја зеде втората жртва годинава
Грипот ја зеде втората жртва годинава. На Клиниката за инфективни болести почина 69-годишен маж поради компликации од болеста. Пациентот бил донесен на клиниката во тешка здравствена состојба.
-
Македонија 18.01.2026 12:09
АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.
-
Македонија 18.01.2026 10:01
Тужби и повици до ОЈО по изјавата на д-р Жан Митрев
Лидерот на СДСМ најави тужба против лекарот Жан Митрев, кој во емисија рече Заев и Филипче направиле обид да се стекнат со сопствеништво врз неговата болница. Тој рече дека е предмет на јавен линч и црна кампања со лаги.
-
Македонија 18.01.2026 09:44
Сообраќајот по патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз. Намалена видливост до 50 м. и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80 м.










