Променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
-
Македонија 18.01.2026 08:52
-
Македонија 17.01.2026 19:36
УЈП: Нулта толеранција за корупција
Управа за јавни приходи соопшти дека е во постојана и целосна соработка со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната сфера.
-
Македонија 17.01.2026 19:00
Македонија се гуши во текстилен отпад
Македонија годишно продуцира од 35 до 40 илјади тони текстилен отпад. Мал дел се рециклира, реупотребува и соодветно уништува. Најголем дел завршува на депониите, заедно со комуналниот отпад. Повеќе од половина од текстилниот отпад доаѓа од домаќинствата.
-
Македонија 17.01.2026 18:06
По руралните средини се бараат центри за активно стареење
Нада Илиева секој ден доаѓа во Центарот во Турново. Таму преку разговор со свои врснички плете џемпер за себе а ги учи и останатите корисници. Вели дека таму и е подобро отколку дома.
-
Македонија 17.01.2026 15:33
Сезонскиот грип го наполни ургентниот центар во Куманово
Сезонскиот грип го наполни ургентниот центар во Куманово. Пациенти над седумгодишна возраст секојдневно бараат помош од здравствените работници. Симптомите се различни од покачена температура, мускулни болки, главоболки, до кашлица, болки во грлото.
-
Македонија 17.01.2026 14:40
Во неколку градови се дише загаден воздух
Ако државата им наложи на малите индустрии и на домаќинствата да користат филтри, делумно ќе се намали аерозагадувањето, сметаат екоактивистите.
-
Македонија 17.01.2026 13:56
Ригорозен закон за пушење, без интерес за одвикнување
По најавата за воведување на новиот закон за пушење, кој предвидува строги ограничувања и ригорозни казни, граѓаните сè почесто се соочуваат со прашањето – дали е време да се откажат од цигарите.
-
Македонија 17.01.2026 13:18
ИЈЗ со загрижувачки податоци за пороците кај младите
Секој четврти средношколец се коцкал за пари, покажа извештајот на Институтот за јавно здравје. Младите се коцкале и во живо и онлајн. Она што загрижува е што бројките се зголемени во однос на пред пет години.
-
Македонија 17.01.2026 12:45
Обвинение за помагачи на осомничен по сообраќајна несреќа
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.
-
Македонија 17.01.2026 10:00
Сообраќајот на патишта се одвива по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.










