Лидерот на СДСМ со обвинување до владата за состојбата со водата во Гостивар. Филипче на брифингот со медиумите рече дека граѓаните треба да ги знаат резултатите од анализите.
Миле А. Ристески известува.
Лидерот на СДСМ со обвинување до владата за состојбата со водата во Гостивар. Филипче на брифингот со медиумите рече дека граѓаните треба да ги знаат резултатите од анализите.
Миле А. Ристески известува.
Премиерот Мицкоски во Битола, во посета на Клиничката болница. Власта вели, продолжуваат инвестициите во здравството и реконструкцијата и обнова на болниците низа државата.
Марија Котовска известува.
Епидемиолошката состојба во Гостивар се подобрува, се намалува бројот на пациенти кои бараат медицинска помош, велат од Здравство. Водата е забранета за пиење, лабораториските анализи на примероци од неколку локации се во тек, по појавата на новата бактерија во водоводот.
Загадена е водата и во струмичко Ново Село. Забранета е за пиење.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август – Ден на Републиката – Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи.
Денеска во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Д.С.(58) од с. Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Се шири мрежата на „Безбеден град“. По извршеното финално тестирање од МВР до информација дека ставени се во функција безбедносните камери на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца.
Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во касарна „Гоце Делчев“ ќе биде промовирана 26-та класа студенти-питомци во чин потпоручник и слушатели на курсот за офицери во чин поручник.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.